Кога ќе се укине зелениот картон и за нас? -Македонските граѓани се меѓу ретките во Европа што плаќаат висока цена за осигурување од автоодговорност преку „зелениот картон“, задолжителен за тие што патуваат во странство?

Кога ќе се укине зелениот картон и за нас?

На листата на желби за продлабочување на добрососедските односи со соседите стои една црна дупка, тоа е „зелениот картон“, која не дозволува брз проток на патници и стоки, односно брза економска размена што треба да биде во функција на заедничкиот економски напредок.

Некои велат дека Македонија на сака да го укине „зелениот картон“, затоа што тоа е доплонителен неданочен прилив  во државниот буџет. Индиректно – да, во согласност со  даночната обврска на сите економски субјекти! Но, со оваа давачка најмногу се полнат касите на „нашите“ осигурителни компании во чија структура на капиталот доминира странскиот капитал. Познато е дека осигурителните компании остваруваат голем профит.

Сепак власта, која и да е, е таа што ги одредува правилата на играта, па вината ја сносат сите власти што не ја расчистиле оваа работа досега.

Што е зелениот картон?

„Зелениот картон“ е товар врз џебот на моторизираните граѓани кои секогаш, пред да одат во странство, испуштаат тешка воздишка поради обврската да го извадат, зашто без него не можат да патуваат преку граница.

Покрај скапите туристички аражмани за летување во странство, цената на „залениот картон“ е дополнителен трошок за граѓаните што патуваат надвор од земјава со сопствен автомобил.

Најскап зелен картон!

Освен тоа, македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот, па затоа го вадат само кога мораат, односно кога патуваат во странство.

Кај нас ова осигурување со важност од еден месец чини 50 евра, a за една година речиси 100 евра. Во поголемиот дел од земјите од регионот неговата цена е околу 10 евра, со тоа што е споен со домашното автоосигурување и се добива при самата регистрација на возилото.

Иако долго време се најавуваше дека оваа варијанта ќе се воведе и кај нас, не се најде модел до конечна реализација. Бидејќи властите стравуваат дека тоа ќе го поскапе основното автоосигурување, а со тоа и регистрацијата на возилата за сите граѓани, а не само за тие што патуваат во странство.

Просекот од последниве години вели дека македонските осигурителни компании годишно издаваат од 100.000 до 130.000 „зелени“ осигурителни картони. Овој документ се издава врз основа на полисата за осигурување од автомобилска одговорност и е замена за полисата за осигурување од автомобилска одговорност, издадена за матичната земја со важност за сите земји- членки наведени во полисата.

Што е зелениот картон?

Зелениот картон е еден вид проширување на важноста на задолжителното осигурување од автомобилска одговорност и ги покриваат евентуалните штети врз трети лица со управување на моторните возила при патување во странство, односно во земјите членки на системот на зелена карта.

Премија (цена) за издавање зелен картон

Возило                                                   Цена

Патнички возила до 66 KW –    годишен  3.690 ден.

Патнички возила над 66 KW –   годишен 5.536 ден.

Патнички возила до 66 KW –    месечен   1.850 ден.

Патнички возила над 66 KW –   месечен  3.075 ден.

Влечни возила, специјални возила, моторцикли,

приклучни возила и работни возила       5.536 ден.

Товарни возила и автобуси                      17.222 ден.

Зелениот картон може да се набави во сите подружнници на Мобилити брокер, кои работат во рамките на Станиците за Технички преглед на АМСМ низ Македонија.

Важност на зелената карта е 12 месеци или во рамки на времетраењето на полисата за автомобилска одговорност.

Зошто мекедонските граѓани мораат да вадат „зелен картон“ и тоа поскап од другите змеји?

Затоа што Македонија не е потписничка на меѓународната спогодба!

Што е мултилатерална спогодба?

Мултилатералната спогодба, попозната како „Систем на регистарски таблички“, преставува формален договор на еден број земји за меѓусебно проширување на територијално важење на осигурување од автоодговорност. Тоа за основа го има признавањето на регистарските таблици кои се доказ за постоењето на осигурување од автоодговорност при влез на моторно возило кое се наоѓа на територија на една од земјите потписнички на Спогодбата, или на територијата на посетената земја, која исто така е потписник на мултиратералниот договор.

– Потписници на Мултилатералената спогодба се:

  • Австрија, Бугарија, Чешка, Кипар, Германија, Данска, Шпанија, Естонија, Франција, Финска, Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска (вклучувајќи ги Канарските острови и островот Ман), Грција, Унгарија, Шпанија, Луксембург, Литванија, Летонија, Малта, Холандија, Португалија, Полска, Романија, Шведска, Словачка, Словенија, Србија, Хрватска, Швајцарија, Лихтенштајн, Андора, Норвешка и Исланд.

Неопходноста од поседување Меѓународна карта за осигурување – т.н. „ЗЕЛЕНА КАРТА“ останува во сила за возила кои се наоѓаат на територија во следните земји:

  • Русија, Белорусија, Украина, Молдавија, Македонија, Мароко, Албанија, Босна и Херцеговина, Тунис, Турција, Израел и Иран.

– Зошто Македонија не е потписничка на мултилатералната спогодба (multilateral agreement)? Ова прашање се поставува со години и никој досега не го одговорил.

Кога ќе се укине зелениот картон и за нас?- засега останува отворено прашање. Во Македонија многупати е најавувано дека зелената карта ќе поевтини.  Напротив, беше зголемена. Порано имаше избор за еден, три, шест или 12 месеци. Сега нема избор – цената за патничките моторни возила е различна според KW!

Србите возат без зелен картон во Европска унија!

За патување со автомобил на Србите не им е потребен „зелениот картон“ за влез во 28-те држави на Европската унија, ниту пак за Швајцарија, Норвешка, Исланд и Андора. Единствено овој документ им треба за Македонија и за Босна, бидејќи, како што напоменавме, овие држави не се потписнички на Мултилатералната спогодба.

За влез во Црна Гора и Хрватска, на Србите исто така не им е потребен зелен картон со кој се регулира осигурување на возилото. Бидејќи Здружението за осигурување на Србија и Националното биро за осигурување на Црна Гора и Хрватска имаат потпишано посебна спогодба со која е прифатен принципот на регистарска ознака.

Србите, кои во летниот период најчесто патуваат за Грција, ако одат преку Македонија, ќе мораат да платат за зелен картон 2000 динари или околу 18 евра, со тоа што картонот важи за цела година.

Б. Стефановски

 

 

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.