ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
Македонски Телеком А.Д.
Македонски Телеком А.Д.

За нас

Македонски Телеком, водечкиот национален телекомуникациски оператор е дел од Групацијата Дојче Телеком. Македонски Телеком нуди говорни и податочни услуги на фиксна и мобилна мрежа, со долгогодишно искуство и водство на пазарот.Исто така, Македонски Телеком постојано воведува меѓународна експертиза, иновативни решенија и најсовремени технолошки трендови.Компанијата нуди портфолио на услуги за приватни и деловни корисници, кои се обезбедуваат од едно место и се фокусира на Cloud и ИКТ решенија со цел да обезбеди најдобро корисничко искуство.За таа цел, во согласност со најновите телекомуникациски трендови, Македонски Телеком постојано се фокусира на современите потреби и барања на корисниците.

Запознај го работодавачот

Македонски Телеком е прва компанија во Европа и во Групацијата Дојче Телеком со мрежа целосно базирана на интернет протокол. Компанијата прва во земјата воведе 4G мрежа, а како резултат на континуираните инвестиции во инфраструктурата, на крајот од 2016 година со 4Г мрежа се покриени 60 отсто од територијата на Република Северна Македонија и 80 отсто од населението. Според испитувањето на мислењето на корисниците од страна на агенцијата “БРИМА”, најголем дел од граѓаните во Република Северна Македонија сметаат дека мобилната мрежа на Македонски Телеком е најдобра во земјава и дека ги оправдува нивните очекувања.


Контакт

Македонски Телеком А.Д.
КЕЈ 13-ТИ НОЕМВРИ БР 6
Град: Скопје
Вработени:
Даночен број: MK4030997339640
Матичен број: 5168660
Телефон:  0038923100200
Мобилен:
Емаил: kontakt@telekom.mk
Веб адреса: https://www.telekom.mk/
*Корисникот што не контактира е согласен со правните информации.

Социјални профили на Македонски Телеком А.Д.