ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
МАКПЕТРОЛ АД
МАКПЕТРОЛ АД

За нас

Со вкупно 126 станици со современа понуда на производи и услуги, Макпетрол располага со најголемата мрежа од бензински станици во Република Македонија. Покрај тоа, во производите и услужните дејности на компанија имаат доверба и многубројни деловни клиенти, оператори на возни паркови, шпедитерски и транспортни компании, обата македонски аеродрома и индустриски субјекти со различни дејности.Уште од основањето пред близу седум децении, Макпетрол отсекогаш бил предводник во примената на новитетите во погонските горива, во унапредувањето на квалитетот на своите производи, како и во воведувањето на алтернативни погонски горива кои придонесуваат за поголема заштита на животната средина. На тој начин, во сите овие години ние успеваме да ја задржиме лидерската позиција во дистрибуцијата и прометот со нафтени деривати во Република Македонија.

 

Запознај го работодавачот

Возбудлива и динамична работа во хомогена и колегијална работна средина во дејност што бара постојанa посветеност; 
- систематско и целно усовршување на вработените преку програми за обука и усовршување, со цел реализација на стручните, персоналните и социјалните способности;
- отворен дијалог со раководните тимови за целите, постигнатите резултати и перспективите за натамошно усовршување;
- соработка и размена на искуства со колегите од широкиот круг деловни подрачја што ги покрива компанијата;
- соодветно наградување на вработените;
- обезбедени високи стандарди на заштита при работа;
- континуирано здравствено и социјално осигурување.


Контакт

МАКПЕТРОЛ АД
Ул.Свети Кирил и Методиј 4 МК 1000 - Скопје
Град: Скопје
Вработени:
Даночен број: MK4030954258093
Матичен број:
Телефон: 0038923146280
Мобилен:
Веб адреса: https://www.makpetrol.com.mk/
*Корисникот што не контактира е согласен со правните информации.

Социјални профили на МАКПЕТРОЛ АД