ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
Рок: 10.8.2020

МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК

Доколку поседувате искуство, добро познавање и контакти на фармацевтскиот пазар во Македонија, сакате и можете да ја водите и унапредувате продажбата и односот со нашите клиенти (аптеки и лекарски ординации) Ви нудиме работа во позитивна, иновативна и колаборативна средина, можност за добра соработка и брзо напредување.

Одговорности и задачи:

  • Регистрација на суплементи (додатоци во исхрана)
  • Посета на доктори
  • Организирање и водење на презентации, едукација и мотивација кај купувачите
  • Секојдневна комуникација со постоечките купувачи
  • Редовна посета на купувачите и продажните места на терен

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома - Фармацевтски, Медицински или Стоматолошки Факултет
  • Положен стручен испит
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција
  • Работа на компјутер, напредно познавање на MS OFFICE пакетот
  • Познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола Б-категорија

Личен профил:

  • Комуникативност и претставителност
  • Изразена вештина за презентација и способност за преговарање
  • Самоиницијативност
  • Подготвеност за работа под притисок и куси рокови
  • Способност за тимска и самостојна работа
  • Флексибилност за работа на терен
  • Позитивен став

Алфа Лаб е компанија која својот успех го базира на тимската работа и динамичен развој, Ве повикуваме да станете дел од нашиот тим!

Ве молиме во предметот на пораката задолжително наведете ја работната позиција за која што аплицирате.

Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Познавате некого кој би бил одличен за ова работно место?

Проследете му го огласот!

Запознај го работодавачот
АЛФА ЛАБ ДООЕЛ извоз-увоз Скопје