ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
Рок: 10.8.2020

Еуротабак има потреба од Менаџер (м/ж) за големи купувачи (национални ланци, регионални ланци)

Услови за работа:

  • Редовна месечна плата
  • Полно работно време- 40 часа
  • Работа на определено време
  • Пријатна работна атмосфера
  • Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства

Потребни квалификации:

  • ВСС, Економски факултет - Маркетинг, бизнис администрација, општа економија
  • Возачка дозвола, Б категорија;
  • Обуки и курсеви за продажба, преговарање, односи со купувачи, маркетинг, комуникациски и презентациски вештини
  • Најмалку 5 - 7 години работно искуство во продажба, од кои 3 години на раководна позиција;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Општо познавање на модерната комуникациска технологија;

Работни задачи:

  • Планирање, спроведување и презентирање на продажните планови пред менаџерскиот тим.
  • Одговара за спроведување и остварување на продажните планови за големите купувачи во неговото портфолио.
  • Создавање на нови можности за продажба и одржување на професионални односи со партнери.
  • Преговара со постојните и потенцијалните купувачи во врска со склучување на договори и анекси на договори.
  • Редовно ја следи наплатата за секој голем купувач.
  • Врши надзор на состојбите и презема мерки и активности во делот на продажбата, дистрибуцијата и активностите за унапредување на продажбата.
  • Подготвување и доставување до претпоставениот анализи, извештаи и информации во врска со продажбата.
  • Во соработка со претпоставениот на Секторот за
  • Продажба и маркетинг и маркетинг планот за определен бренд и артикли дава предлози за организирање на промотивни настани во определени продажни места на определени големи купувачи и зема активно учество во реализацијата на одобрените промотивни активности.
  • Развивање и давање препораки за подобрувања на процедури, правилници, стандарди, спецификации, методи и процеси во својата област.

Ве молиме во предметот на пораката задолжително наведете ја работната позиција за која што аплицирате.

Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Познавате некого кој би бил одличен за ова работно место?

Проследете му го огласот!