„Мицубиши“ заинтересиран да учествува во изградба на гасна електрана од 250 MW во РЕК Битола,  соопшти АД ЕСМ. Како што стои во соопшштението, Делегација на јапонскиот производител „Мицубиши“ ги посетила АД ЕСМ и Подружницата РЕК Битола  за да ги испитаат можностите за изградба на гасна електрана со моќност од 250 MW во кругот на РЕК Битола.

„Мицубиши“ заинтересиран да учествува во изградба на гасна електрана од 250 MW во РЕК Битола

 

На средбите со Управниот одбор на АД ЕСМ и со менаџерскиот тим на РЕК Битола, претставниците на јапонскиот гигант изразија подготвеност за активно учество во изградба и на други постројки кои се предвидени во планот за трансформација на производството на електрична енергија во Република Северна Македонија, односно реализација на т.н. зелено сценарио во енергетиката.

Во согласност со податоците што ги сподели делегацијата на Мицубиши, изминатите три години оваа јапонска компанија има вложено околу две милијарди евра во изградба на гасни централи за производство на електрична енергија. Врз основа на овие импозантни податоци, претставниците на Мицубиши гарантираат ставање во функција на гасната централа во РЕК Битола до почетокот на 2026 година.

Делегацијата на Мицубиши оствари средба и со преставници на македонската  Влада од каде била изразена подготвеност заедно со АД ЕСМ да се работи на проект за стратешко партнерство со јапонскиот производител.

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.