ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
МИНИСО СОЛО ДОО Скопје
МИНИСО СОЛО ДОО Скопје
Слика за продавачот МИНИСО СОЛО ДОО Скопје
Адреса: КЕЈ 13-ТИ НОЕМВРИ ГТЦ/Л6/301
Град: Скопје
Вработени:
Даночен број: MK4080018575718
Матичен број:
Телефон:
Емаил: office@miniso.com.mk
Веб адреса: https://www.miniso.com/
Следи
АКТИВНИ ОГЛАСИ
За нас

Основан во Јапонија во 2013 година, Минисо активно го истражува меѓународниот пазар и како резултат на тоа, за помалку од 4 години отвара 2600 продавници. До денес, има склучено договори за франшиза со преку 60 држави, вклучувајќи ги УСА, Канада, Русија, Сингапур, Кина, Хонг Конг, Малезија, со месечен вкупен раст од 80-100 продавници.

Брендот Минисо се промовира преку своите клучни стратегии, со ажурирање на производите на неделно ниво, ниските цени и таргетирање на потрошувачи на глобалните интелегентни производи за широка потрошувачка.

Инспириран од Јапонската мода и животниот стил, Минисо има 11 категории со вкупно над 8.000 производи. Здравје и убавина, дигитални производи, сезонски производи, лајф департмент, играчки...

Минисо не е само бренд, туку е и животен стил. Обидувајќи се однапред да ги предвидат потребите на купувачите, се враќаат кон природните производи и на своите клиенти им нудат автентични, квалитетни и лесно пристапни производи.

Минисо се фокусира на суштината на производите, внимава на квалитетот и одржува баланс помеѓу квалитетот и цената на производите. Брендот следи едноставна филозофија, дизајнирајќи производи по соодветни цени, земајќи ги во предвид природните ресурси, животната средина и рециклирањето.

Минисо внимава на општествената одговорност кон планетата, животните и луѓето и посветува големо внимание на безбедноста на продуктите кои ги произведува.

Главен слоган на компанијата е LOVE LIFE, LOVE MINISO. Сакај го животот, сакај го Минисо.