Најголем раст од земјите од регионот Светска банка предвидува за Црна Гора. По силното закрепнување во 2021 година, глобалната економија влегува во значително забавување во услови на нови закани од варијантите на Ковид-19 и зголемената инфлација, долгот и нееднаквоста во приходите што може да го загрози закрепнувањето во економиите во зародиш и во развој, се наведува во најновите глобални економски изгледи на Светска банка.

Глобалниот раст забавува

Глобалниот раст се очекува значително да забави од 5,5 отсто во 2021 година на 4,1 отсто во 2022 година и 3,2 отсто во 2023 година, бидејќи акумулираната побарувачка се распаѓа, додека фискалната и монетарната поддршка ширум светот е прекината.

Во Европа и Централна Азија, се предвидува растот да забави до три проценти во 2022 година и 2,9 проценти во 2023 година, при што растот во Источна Европа е особено слаб, преполовувајќи од 3,1 отсто во 2021 година на 1,4 отсто во 2022 година, пред да се зголеми на 3,2 проценти во 2023 година, под претпоставка дека геополитичките тензии нема дополнително да ескалираат.

Во регионот

Најголем раст од земјите од регионот Светска банка предвидува за Црна Гора, која од закрепнувачкиот 10,8 отсто во 2021 година, ќе се закотви на 5,6 отсто во 2022 година и 4,8 отсто во 2023 година.

Светска банка оценува дека економскиот раст во Босна и Херцеговина ќе достигне три отсто во 2022 година, а благо ќе се забрза до 3,2 отсто во 2023 година. Инаку, Банката процени дека растот во 2021 година бил 4,0 отсто.

Проектираниот раст е значително помал од проценката на Централната банка на БиХ, која во најновите прогнози од ноември минатата година предвидуваше раст од 3,9 отсто за оваа година, по 5,8 отсто во 2021 година.

Светска банка дава малку подобра прогноза од Босна и Херцеговина за Северна Македонија. За нашата држава прогнозта на Светска банка се движат од 3,7 отсто во 2022 година и 3,4 отсто во 2023 година, додека ланскиот раст, како и во БиХ, беше проценет на 4,0 отсто.

За Хрватска, Банката проценува економски раст од 5,4 отсто во 2022 година и 4,4 отсто во 2023 година, по проценетиот раст од 9,4 отсто во 2021 година.

Економскиот раст на Србија се проценува на 4,5 отсто во 2022 година и 4,0 отсто во 2023 година, додека растот во 2021 година е проектиран на 6,0 отсто.

Растот на Косово во 2021 година се проценува на 7,1 отсто, додека прогнозите за годинава се на 4,1 отсто и 4,4 отсто следната година.

Растечката нееднаквост и безбедносни предизвици

-Брзото ширење на варијантата Омикрон укажува дека пандемијата најверојатно ќе продолжи да ја нарушува економската активност во блиска иднина, наведуваат од Светската банка. Дополнително, значителното забавување на големите економии – вклучувајќи ги САД и Кина – ќе влијае на надворешната побарувачка во новите и економиите во развој.

Во време кога владите во многу економии во развој немаат простор за политики за поддршка на активности доколку е потребно, новите епидемии на Ковид-19, постојаните тесни грла во синџирот на снабдување и инфлаторните притисоци и зголемената финансиска ранливост во големи делови од светот може да го зголемат ризикот од тешко приземнување.

– Светската економија истовремено се соочува со Ковид-19, инфлација и несигурност на политиките, со државна потрошувачка и монетарна политика на неистражена територија, вели претседателот на Групација Светска банка Дејвид Малпас.

– Растечката нееднаквост и безбедносните предизвици се особено штетни за земјите во развој, додаде тој.  Според него, -поставувањето на повеќе земји на поволен пат на раст бара координирана меѓународна акција и сеопфатен сет на одговори на националната политика.

Забавувањето ќе се совпадне со растечките разлики во стапките на раст меѓу напредните и новите и економиите во развој.

Економии во развој: производството под предпандемскиот тренд

Растот во напредните економии се очекува да забави од пет проценти во 2021 година на 3,8 проценти во 2022 година и 2,3 проценти во 2023 година – темпо што, иако забавува, ќе биде доволно за да се повратат производството и инвестициите во нивниот тренд пред пандемијата во овие земји.

Сепак, кај новите и економиите во развој се очекува пад од 6,3 отсто во 2021 година на 4,6 отсто во 2022 година и 4,4 отсто во 2023 година. До 2023 година, сите напредни економии ќе постигнат целосно закрепнување на производството. Меѓутоа, производството во новите и економиите во развој ќе остане четири отсто под предпандемскиот тренд,“ оценува Светска банка.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.