ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
НАТУСАНА МАКЕДОНИЈА ДОО
НАТУСАНА МАКЕДОНИЈА ДОО

За нас

Натусана Македонија на македонскиот пазар работи веќе 15 години, како партнер на Dr. Theiss Naturwaren, како еден од најпознатите светски производители на ОТЦ лекови и фармацевтски козметички препарати за нега на лице и тело, сите со врвен квалитет и направени од внимателно одбрани природни состојки.Натусана работи по највисоки стандарди, дистрибуирајќи ги на македонскиот пазар производите на Dr. Theiss, кои покрај ОТЦ лековите и препаратите на матичниот бренд Dr. Theiss Naturwaren, ги опфаќаат и производите за нега на кожата на Medipharma cosmetics на база на маслиново масло, брендот Allgäuer Latschenkiefer со палета на производи од природно масло од алгојскиот бор наменети за мускулни болки и вкочанетост, како и далеку познатите пасти за заби Lacalut за орална и дентална хигиена.Нашата филозофија е да ги приближиме до македонските потрошувачи висококвалитетните производи кои содржат природни состојки – во хармонија со природните процеси кои ја регулираат работата на човечкото тело.

 

Запознај го работодавачот

Нашата визија е да прераснеме во најуспешен регионален партнер на водечката светска фармацевтска компанија Dr. Theiss Naturwaren, компанија која пласирајќи врвен фармацевтски квалитет на македонскиот пазар ќе го подобрува здравјето и квалитетот на животот на луѓето.Нашата мисија е висококвалитетните производи со строго селектирани природни состојки да ги приближиме до македонскиот пазар и да инсистираме на континуирано едуцирање и креирање на здрави навики кај нашите потрошувачи, ставајќи го на прво место нивното здравје, благосостојба и задоволство.

 


Контакт

НАТУСАНА МАКЕДОНИЈА ДОО
Ул.Качанички пат бр.174
Град: Скопје
Вработени:
Даночен број: MK4030004507216
Матичен број: 5859514
Телефон: 0038922600443
Мобилен:
Емаил: info@natusana.com.mk
Веб адреса: https://natusana.mk/
*Корисникот што не контактира е согласен со правните информации.

Социјални профили на НАТУСАНА МАКЕДОНИЈА ДОО