Изданијата на легендарната рок-група „Екатарина Велика“ повеќе нема да бидат на мета на разно-разни компании кои бестидно ги пиратизираат.

Имено, Стопанскит суд во Белград даде налог компанијата „Маском“ да ги повлече од продажбата изданијата на групата ЕКВ.

Стопанскиот суд во привремено забрани за понатамошна продажба и рекламирање винилни и компакт-диск изданија на „Маском“ на групата Екатерина Велика: ‘Dum Dum’, ‘Neko nas posmatra’, ’Samo par godina za nas’, ’Iznad grada’ i ‘Krug’.

„Маском“ е должен да ги повлече споменатите изданија од продажба во рок од осум дена под закана од парична казна од 500.000 динари.  Судот ги нареди овие мерки за да се испочитуваат моралните авторски права и изведувачки права на Милан Младеновиќ, Иван Феце Фирчи, Иван Ранковиќ, Марко Миливојевиќ, Драгиша Ускоковиќ и Бојан Печар, затоа што „Маском“ ги издаваше и продаваше овие носачи на звук, без да ги спомнува нивните имиња, со што се прекрши законскиот обврска за обележување на авторот и изведувачот на музичкото дело.


Од 2015 година, „Маском“ се прогласи за сопственик на правата на фонограми за четири студиски и два албуми во живо на легендарната четворка, без никаква правна основа, тврдејќи дека ги купил тие права од последниот менаџер на EKV, кој всушност никогаш не бил сопственик на спорните фонограми, бидејќи тие се во сопственост на ПГП РТС (за студиски албуми) и на членовите на бендот EKV (за снимки во живо).

Оттогаш, „Маском“ објавува пиратски изданија за кои не добил дозвола од сопственикот на фонограмот, ниту обновил договори со автори и изведувачи.

Оваа измама е почетна точка за неколку тужби поднесени по разни основи против фирмите „Маском“ и „Тин Друм“, од страна на фондацијата „Милан Младеновиќ“, поранешни членови на ЕКВ, како и ПГП РТС.

– Иако оваа одлука за привремената мерка е само дел од долготрајниот правен процес кој „Задужбина на Милан Младеновиќ“ и другите членови на групата ЕКВ го водат против „Маском“,тоа е голем чекор кон правдата. Се надеваме дека судот со своите понатамошни одлуки ќе ги почитува авторските и изведувачките права на музичарите – велат од „Задужбина на Милан Младеновиќ“.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.