Нов предизвик „FAB LABS – Младите создаваат”, со кој ќе се инвестира во развој на иновациската инфраструктура и пристап до современи технологии за средношколци и млади. Ова епрвиот јавен повик „Предизвик за воспоставување на лаборатории за производство FAB LABS – Младите создаваат”, што го објави Фондот за иновации и технолошки развој.

Нов предизвик „FAB LABS – Младите создаваат”

Во лабораториите за производство „FAB LABS” воспоставени преку овој повик, на младите од 15 до 29 години,  ќе им биде овозможен бесплатен пристап до современи технологии. Пример,  3D принтери и ласерски машини со кои ќе можат да ги материјализираат своите иновативни идеи. Освен тоа, ќе им биде обезбедена и менторска поддршка, просторни и технички услови да конструираат прототип или мало производство на иновативно решение, кое ќе можат да го тестираат во лабораториска, индустриска средина или на пазарот.

„Целта е кон младите да се отворат веќе постоечките капацитети, да се создадат услови за нивно доопремување и понатамошно проширување, како и да се вложи во нова иновациска инфраструктура.

Талентираните директно ќе учествуваат во научни истражувања

На најмладите иноватори ова ќе им овозможи да стекнат вештини соодветни на новото време и технолошките предизвици на иднината, смета директорот на ФИТР.  Според него истражувањето и развојот имаат значајна улога во напредокот на сите сегменти на општеството, поради што со овој предизвик сите талентирани млади добиваат  шанса директно да учествуваат во научно истражувачката дејност и да напредуваат во развојот на сопствената кариера. ”

Вкупниот буџет изнесува 9.000.000 денари. Од нив 90 отсто ги обезбедува Фондот, во максимален износ од 4.5 милиони денари за предлог-проект. Додека преостанатите 10 отсто треба да ги обезбеди апликантот. Времетраење на проектот е до 12 месеци.

Обезбеденото кофинансирање може да биде и во форма на in-kind учество. Предност ќе имаат оние предлог проекти кои ќе обезбедат финансирање од сопствени средства или финансирање од трети страни (трговски друштва, донатори, бизнис здруженија и др).

Четворен хеликс систем

Во рамките на предизвикот, апликантите ќе треба да понудат предлог проекти за воспоставување на лабораторија за производство „FAB LAB”. Таа треба да се наоѓа во простории во рамките на високо-образовните или научно-истражувачките установи. Тие ќе претставуваат простор за соработка помеѓу академијата, индустријата и граѓанските здруженија – таканаречен четворен хеликс систем.

Јавниот повик е наменет за универзитетите, факултетите, самостојните јавни високообразовни установи. Исто така  за приватно-јавните непрофитни високообразовни установи, јавни научни установи и мешовити научни установи. Установи коишто се основани согласно Законот за високо образование или Законот за научно-истражувачка дејност. Потоа, трговски друштва кои се во доминантна сопственост на јавни високообразовни установи (50,1 отсто или повеќе): И правни субјекти регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации активни во областите на млади, образование, наука, технологија и/или иновациска дејност.

На предизвикот ќе бидат финансирани активности за воспоставување на лабораторијата за производство со опрема за истражување и развој. Исто така и активности за спроведување на менторски програми за обезбедување на стручна поддршка за истражување и развој, дизајн, тестирање и сл.

Двете лаборатории кои ќе бидат воспоставени преку овој повик, со почетокот на претстојната учебна/академска година ќе бидат пилот проекти. Врз основа на ова искуство, во наредниот период ФИТР планира да создаде механизам за воспоставување и поддршка на ваков тип на лаборатории и обезбедување нивна оддржливост.

Рокот за поднесување на предлог проекти е 20.07.2021 година.

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.