ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
ОХРИДСКА БАНКА АД
ОХРИДСКА БАНКА АД

За нас

Охридска банка АД Скопје е универзална банкарска институција со широк спектар на банкарски услуги во земјата и во странство. Банката има шестдецениско искуство и традиција, со значајно подобрување и развој низ трансаформациите на банкарскиот систем. Како самостојна, Охридска банка работи од 1995 година. Со јасна визија за развојот и ефикасното управување, Банката прерасна во современа финансиска институција од универзален тип со разгранета мрежа на експозитури, со широк асортиман на финансиски услуги, софистицирана информатичка технологија, дефинирана стратегија и високостручен кадар оспособен за вршење комплексни банкарски операции.
Од 2019 година, Охридска банка АД Скопје е дел од Шпаркасе групацијата. „Steiermärkische Sparkasse Group“ е најголем давател на финансиски услуги во јужниот дел на Австрија. Групата опслужува околу 700 000 клиенти на 233 локации во Стирија, Австрија, и во Југоисточна Европа.

Запознај го работодавачот

Потврдата за успешноста на Охридска банка се многубројните признанија како: Најдобра банка во Македонија за 2010 и 2016 според Еуромани; Најдобра банка во Македонија за 2016 г. според “Global Finance” и “The Banker"; Најдобра банка во Македонија за 2017, 2018 и 2019 според публикацијата на Светска банка „Global Finance“, Награда за општествена одговорност за 2016 г. за концептот План за стан во категорија односи на пазарот од страна на Бизнис конфедерацијатана Македонија; Сертификат за компанија со добро корпоративно управување во 2008, 2009 и 2010 година, доделен од Стопанската комора на Македонија, Транспарентност нула корупција и Стопанската комора на северозападна Македонија; Награда за корпоративна филантропија за голема национална компанија во 2008 година, доделена од Центарот за институционален развој CIR-a; Признание за општествено одговорни практики од Министерството за Економија на Македонија, статусот Супербрендс 2009 изгласан од страна на организацијата Супербренд и Сертификат за благодарност, како признание за активно учество и посебен придонес во Националната програма за практикантска работа и Програмата за вработување на Проектот за конкурентност на УСАИД.
 

Контакт

ОХРИДСКА БАНКА АД
Ул.Орце Николов 54
Град: Скопје
Вработени:
Даночен број: MK4020995106987
Матичен број:
Телефон: 0038923167600
Мобилен:
Емаил: obinfo@ob.com.mk
Веб адреса: https://ohridskabanka.mk/
*Корисникот што не контактира е согласен со правните информации.

Социјални профили на ОХРИДСКА БАНКА АД