Оригиналната „Буба“ има своја копија- кинеската ORA Punk Cat. Кинеската верзија на „Буба“ на Фолксваген, која Great Waii ја претстави во Кина во април, сега се чини дека решил овој електричен модел да го донесе на Стариот континент.

Оригиналната „Буба“ има своја копија- кинеската ORA Punk Cat

Имено, овој производител патентираше две верзии на дизајнот на Буба кај Европската канцеларија за интелектуална сопственост. Така практично го заштити дизајнот на копијата на „Буба“ во дворот на Фолксваген.

Апликацијата е одобрена од европската канцеларија за патенти, а патентот важи во следните пет години со можност за продолжување на најмногу 25 години.

Punk Cat за разлика од оргиналот има четири врати и електричен погон

Интересно, е што Great Wall Motors во Кина соработува со BMW. Што се однесува до Фолксваген, тој досега не се огласи по овој повод.

Освен препознатливиот дизајн, реинкарнираната кинеска „Буба“ нема никаква врска со Фолксваген и ја носи ознаката ORA Punk Cat (брендот ORA во имињата на своите автомобили мора да го содржи зборот „мачка“).

За разлика од оригиналот, Punk Cat има четири врати и електричен погон. Додека внатрешноста е исто така во ретро стил, вклучително и волан кој потсетува на оној од оригиналниот VW „Буба“.

Кинескиот производител засега ги нема објавено техничките детали за овој автомобил, а не е познато кога ќе започне и продажбата.

Нема информации и за опсегот ниту за тоа каква батерија користи возилото. Автомобилите Ора вообичаено имаат пакувања LFP батерии и се познати по тоа што се многу прифатливи, како што е Ora R1 (Црна мачка).

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.