„Пекабеско“ оствари добивка од 23,4 милиони денари во првиот квартал од годината покажува неревидираниот Биланс на успех објавен преку Македонска берза. Според него „Пекабеско“ АД за првите три месеци од годината оствари позитивен финансиски резултат поголем за 28 проценти од 2020 година, кога добивката била 18, 2 милиони денари.

„Пекабеско“ оствари добивка од 23,4 милиони денари

Продажбата на готови производи – доминантна во приходите

Остварените вкупни приходи од работењето во првите три месеци  од 2021 година изнесуваат 998,6 милиони денари. Овие приходи во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат намалување од осум отсто. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,9 проценти, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги. Тие во споредба со остварените во 2020 година бележат намалување од седум отсто.

Остварените вкупни расходи во овој квартал на  2021 година изнесуваат 975,6 милиони денари.И тие во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат намалување од  седум отсто.

 Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-март 2021 година изнесуваат 1,4 милиони денари. Додека во истиот период минатата година изнесувале 14,6 милиони денари. Вредно е да се истакне дека во минатата година значителни средства беа издвоени за производствена и транспортна опрема.

Во првиот квартал 2021 година не се направени значителни отписи или продажба на материјалните средства.

Вкупната задолженост на крајот на март 2021 година изнесува 500 милиони денари и во споредба со состојбата од минатата година бележи зголемување од 24 отсто. Во најголем дел средствата се искористени за набавка на репроматеријали.

Бројот на вработени во Пекабеско АД  во првиот квартал од 2021 изнесува 455 вработени, помалку за 11 од минатата година

Очекувања за престојниот период

Целокупното работење во „Пекабеско“ ад е поставено во согласност со препораките што се носат од страна на надлежните органи и се менаџираат соодветно. Во првиот квартал нема намалување на бројот на вработени ниту намалување на примањата на вработените.

Ликвидноста на компанијата е задоволителна. Нема репрограмирање на обврските како спрема финансиските институции ниту спрема добавувачите во земјата и странство. Залихите со репроматеријали се поставени на соодветно ниво согласно економската ситуација во земјата и странство.

Компанијата ги следи економските трендови во националната, регионалната и глобалната економија со цел да се здобие со информации корисни за процесот на одлучување. Планраните продажби и остварената добивка се во рамките на проектираните.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.