ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
ЕВРОПА ЛЕК ФАРМА ДООЕЛ
ЕВРОПА ЛЕК ФАРМА ДООЕЛ

За нас

Од основањето на групацијата PHOENIX, пред повеќе од 20 години, компанијата се развиваше многу динамично, преминувајќи многу национални граници. Наша цел и во иднина е успешен раст ширум Европа. Притоа си одредивме јасна визија да бидеме најдобар интегриран понудувач на здравствени услуги - каде и да било. Новата изјава за мисијата ни служи како најважна насока во секојдневното работење.Со поддршка на раководството и со учество на сите вработени, со оваа изјава за мисијата сега сакаме да ги поврземе минатото со иднината. По тој повод, нашите долгорочни вредности по прв пат ги обединуваме во изјавата за мисијата на целата групација PHOENIX. Истовремено, поставивме заеднички и задолжителен план за во иднина, со што групацијата PHOENIX ќе продолжи успешно и динамично да се развива во вистинска насока.За нашите клиенти и деловни партнери оваа изјава служи како важен знак кој ќе им покаже дека сме компанија која е насочена кон иднината, која има јасна визија и која им нуди примамливо портфолио на услуги низ целиот фармацевтски синџир на вредности.

Запознај го работодавачот

Како водечки европски дистрибутер во фармацевтската индустрија, преку големопродажбата, малопродажбата и фармацевтските услуги, се грижиме фармацевтските призводи да бидат во вистинско време и на вистинско место во 25 земји во кои работиме. Со тоа секојдневно даваме важен придонес за сеопфатно и сигурно снабдување со здравствени производи во Европа: тоа опфаќа логистика во здравството за производителите ширум Европа, поддршка на аптеките преку различни услуги и сигурна логистика, стручно советување во нашите аптеки, како и целосна оптимизација за снабдување и грижа за пациентите. Меѓу нашите клиенти се речиси 100.000 аптеки, милиони пациенти и потрошувачи, како и бројни компании од фамацевтската индустрија.


Контакт

ЕВРОПА ЛЕК ФАРМА ДООЕЛ
Ул.Јадранска Магистрала 31 Визбегово
Град: Скопје
Вработени:
Даночен број: MK4038011504657
Матичен број:
Телефон: 0038922786060
Мобилен:
*Корисникот што не контактира е согласен со правните информации.

Социјални профили на ЕВРОПА ЛЕК ФАРМА ДООЕЛ