На светски познатиот дизајнер Мирко Илиќ му беше доделено престижното американско признание „График силвер авард“ за 2022 година за постерите на претставите „Каспер“, „Маме му е… кој прв почна“, „Белградска трилогија“ и „Пучина“ на Југословенско драмско позориште од Белград.

Голема награда за Илиќ, но и за претставата „Маме му е…“, која всушност е драма на Дејан Дуковски. Поставката во ЈДП од лани е во режија на уште еден Македонец – Слободан Унковски.

Постерите ќе бидат објавени во публикацијата „Графис постер“ 2022 година.

 Списанието Grafis е основано во 1944 година и е едно од најреномираните и највлијателни списанија што ги промовира најдобрите во областа на дизајнот, рекламирањето, фотографијата и илустрацијата. Секоја година, Графис ги објавува најдобрите дела во својот годишник.

Исто така, на изложбата организирана од Здружението на уметници на Москва по повод изборот на најдобрите дизајнерски решенија за постери од целиот свет, претставени се делата на Мирко Илиќ за претставите „Вујко Вања“и „Судниот ден“.

Во текот на изминатите четири сезони, колку што ЈДП соработува со Мирко Илиќ, постерите на кои работеше за претставите за овој театар добија бројни награди. Меѓу другите, веќе споменатата на Графис за претставите „Лоренцачо“ и „Вујко Вања“ во 2019 година и претставата „Врат од стакло“ и „Натан Мудриот“ 2020 година.

Постер за претставата „Маме му е…“ беше објавен во годишното издание на Азиско-пацифичкиот дизајн, прва и највлијателна публикација во овој регион, во областа на дизајнот.

– Мене ми беше многу убаво кога ја објавив првата насловна страница на списанието „Тајм“, но чувството во градите кога ја објавив мојата прва насловна страница во Хрватска, насловната страница на „Данас“, беше всушност многу посилно.

Мојата прва грамофонска плоча што ја дизајнирав беше плочата на Арсен Дедиќ. Тоа е првото нешто што го направив во мојот живот.

На пример, неизмерно го сакав Леонард Коен затоа што не познавам некој кој повеќе сакаше жени – можеби затоа го сакав Арсен – повеќе од Коен. Чувството кога Арсен ме праша дали можам да му ја направам таа обвивка, секако беше многу посилно од чувството што ќе го имав ако Коен ме прашаше истото 40 години подоцна. Би било убаво и важно, но работите се поинакви.

Кога правам илустрација или лого, горд сум кога тоа предизвикува реакција. Но, кога истото лого е тетовирано на нечија рака, тогаш тоа е друга порака. Познавам неколку луѓе кои ги истетовираа моите цртежи или логоа, па убаво е кога се знае дека ќе живеат со нив некое време – изјави неодамна Мирко Илиќ.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.