ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА АД
ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА АД

За нас

Со континуирано инвестирање во производниот процес уште од своето основање во 1924 година па до денес, „Прилепска Пиварница“ постојано го подобрува квалитетот на своите постојни производи и создава нови.Заштитен знак на „Прилепска Пиварница“ е високо квалитетно пиво, почнувајќи од Златен Даб и Крали Марко, како едни од водечките домашни брендови на пиво, па се до Tuborg и Carlsberg, кои се едни од најквалитетните светски пива, а нивни единствен овластен дистрибутер е „Прилепска Пиварница“.,,Прилепска Пиварница“ произведува и освежителен газиран безалкохолен пијалак Газоза. Како овластен полнител на безалкохолни пијалaци, „Прилепска Пиварница“ ги полни пијалаците на „Pepsi Cola International“: Pepsi, Pepsi Twist, Pepsi Max, 7UP, Mirinda Lemon и Mirinda Orange.Крајниот потрошувач отсекогаш бил инспирација и мотивација за постојано усовршување на „Прилепска Пиварница“, со цел тој да го добие најдоброто и најквалитетното. Мисијата што ја движи „Прилепска Пиварница“ е блискоста со своите фанови, чија доверба успеа да ја придобие и продолжува постојано да ја потврдува со нови и возбудливи производи.

Запознај го работодавачот

Мисијата на „Прилепска Пиварница“ е унапредување на пазарните позиции, освојување нови пазари, чување на интересите на фирмата и исполнување на личните интереси на сите вработени. Тоа го остварува со врвен квалитет на своите производи и услуги, кои во целост ги исполнуваат барањата на потрошувачите, во согласност со важечките закони и прописи, почитувајќи ги барањата за безбедност на прехранбените производи.

 

Контакт

ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА АД
Ул.Цане Кузманоски 1
Град: Прилеп
Вработени:
Даночен број: MK4021991109104
Матичен број: 4071344
Телефон: 0038948426551
Мобилен:
Емаил: headoffice@pripiv.mk
*Корисникот што не контактира е согласен со правните информации.

Социјални профили на ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА АД