Конечно и официјално – Сфинга на гневот на Жарко Кујунџиски е македонски претставник за најпрестижната регионална награда БАЛКАНИКА 2021.

„Во еден расказ на Аполинер, необичниот барон Ињес д’Ормезан измислува една нова уметност која тој ја именува како амфионија. Предмет на таа уметност е токму градот. Во тој контекст амфионијата на Жарко Кујунџиски ја раѓа приказната исткаена од повеќе приказни во „Сфинга на гневот“. Таа уметност, како производ на урбаната имагинација, се врежува низ страниците на овој роман како израз на т.н. урбофилија или како топло чувствување на градот (и тоа не само на Скопје, туку и на Сплит), виден преку перото на уметникот на зборот. “ стои во делот на одлуката на жири-комисијата.

Стручната комисија за избор на нашиот национален претставник во трката за оваа престижна книжевна награда, во состав: проф. д-р Александар Прокопиев (претседател), проф. д-р Весна Мојсова – Чепишевска (член) и м-р Александра Јуруковска (член) во најтесен избор ги избра следните две дела:

„Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски во издание на „Антолог“ и „Лазарка“ од Љупчо Петрески во издание на „Арс ламина“.
На својот последен работен состанок, стручната комисија едногласно ја избра книгата „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски.

 

 

 

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.