ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
SIMPO DOO uvoz-izvoz
SIMPO DOO uvoz-izvoz

За нас

СИМПО ДОО е препријатие кое се занимава со трговија на мало и големо со мебел од производната програма на реномираниот европски производител на мебел компанијата SIMPO -Врање од Србија.
Своите производи ги дистрибуира преку 12 изложбени малопродажни салони во земјава.

Запознај го работодавачот

2018.
На 56от Меѓународен саем за мебел, СИМПО ја премиерно представи новата колекција за 2019г. На СИМПО е доделена наградата „Sajamski ključ” за креативно осмислен саемски настап.
На доделување на годинешните ТОП 50 награди за најдобри сајтови, друштвени мрежи и мобилни апликации, кои традиционално веќе 21 година по ред се организира од PC PRESS, сајтот simpo.rs е награден во категоријата Дом и забава.
Благодарение на довербата од потрошувачите, СИМПО освие награда Best Buy Award Serbia Home&Decoration 2017/2018. Линк до сертификатот:
http://bestbuyaward.org/serbia-380PH20

2017.
На основа на гласовите од потрошувачите, СИМПО е добитник на наградата „Moj izbor 2017”, како најомилен бренд во категоријата „Мебел“.
На 43от Меѓународен саем за мебел во Скопје, СИМПО доби награда „Мебел 2017” за гарнитура „Lazar”.

2016.
На Меѓународниот саем мебел во Скопје „Мебел 2016“ СИМПО доби награда со највисоко признание „Zlatna era“ за гарнитура „Margo“ во категоријата Мебел за дневни соби – тапациран Мебел за дневна соба – тапациран мебел.

2015.
На Меѓународниот саем за мебел во Белград, СИМПО доби специјално признание за визуелно осмислен и функционално опремен изложбен простор.
Во организација на здружението „Moja Srbija” и Стопанска комора на Белград, на доделувањето на признанието „Moj izbor 2015” за најдобри домашни производи, услуги и брендови, СИМПО според оценките од потрошувачите е избран за најомилен бренд на мебел.
На Меѓународниот саем за мебел „Мебел 2015" во Скопје, во категоријата „Мебел за дневни соби”, СИМПО освои награда „Zlatna era” за својот програм „Y” подоцна од овој програм се разви моделот „Safira“.

2013.
Во годината кога се одбележи 50 години постоење, СИМПО по петти пат доби награда за најдобар корпоративен бренд во категоријата Трајни потрошувачи добра во акцијата „Најдоброто од Србија".
НАГРАДА ЗА ДЕТСКА СОБА „CASTLE“
На Меѓународниот саем за мебел „Мебел 2011“ во Скопје, СИМПО доби награда за детската соба „ CASTLE “ во категоријата „Мебел за детски соби“.

2012.
Министерството за трговија, земјоделство, шумарство и водостопанство, Стопанска комора на Србија и дневниот печат „Privredni pregled“, по четврти пат доделија награда на СИМПО „Најдоброто од Србија“.
НАГРАДА „ЗЛАТНА ЕРА“ ЗА SOUND SOFA OPUS S НА САЕМОТ ВО СКОПЈЕ
Гарнитурата „ OPUS S“ од колекцијата SOUND SOFA е добитник на наградата „ЗЛАТНА ЕРА“ како највисоко саемско признание на 38от Меѓународен саем за мебел во Скопје. На овој саем СИМПО беше истакнат под слоганот „Осетете како звучи удобноста“ и на својот штанд ги претстави моделите од колекцијата СИМПО 2012. СИМПО до овој саем во 2012г учествува 18 години по ред од кои веќе има 15 златни статуи кои СИМПО ги доби за дизајн и квалитет на своите модели.

2011.
СИМПО е прогласен за најомилен бренд за мебел во Србија по анкетата која се спроведе од организацијата „Moja Srbija“ во оквирот на традиционалната акција „Naše omiljeno“.
НАГРАДА ЗА ГАРНИТУРА „ EKLIPS“
На Меѓународниот саем за мебел „Мебел 2011“ во Скопје, СИМПО доби награда за гарнитурата „ EKLIPS “ во категоријата „Соба за млади“.

2010.
Министерството за трговија и услуги, Стопанска комора на Србија и дневниот печат „Pregled“, во рамките на акцијата „Najbolje iz Srbije", по втор пат го прогласија СИМПО за најдобар корпоративен бренд.
НАГРАДА ЗА ГАРНИТУРА „ MANU“
На Меѓународниот саем за мебел „Мебел 2010“ во Скопје, СИМПО доби награда за аголната гарнитура „ MANU “ во категоријата „Мебел за дневен престој“.
НАГРАДА НАЈДОБАР ТРГОВСКИ ОБЈЕКТ 2010
Салонот на СИМПО во општината Карпош во Скопје, е добитник на наградата „Најдобар трговски објект за 2010г“ според анализите на SWOT во категоријата Салони за мебел и канцелариска опрема.


Контакт

SIMPO DOO uvoz-izvoz
ПАНДИЛ ШИШКОВ 2/1-ПР
Град: Скопје
Вработени:
Даночен број: MK4030992259753
Матичен број: 4345959
Телефон: 00389 23128255  
Мобилен:
Емаил: info@simpo.mk
Веб адреса: www.simpo.mk
*Корисникот што не контактира е согласен со правните информации.

Социјални профили на SIMPO DOO uvoz-izvoz