ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
СИСТИНА НЕФРОПЛУС Кавадарци
СИСТИНА НЕФРОПЛУС Кавадарци
Слика за продавачот СИСТИНА НЕФРОПЛУС Кавадарци
Адреса: ШИШКА 1 Кавадарци
Град: Кавадарци
Вработени:
Даночен број: 4011014510938
Матичен број:
Телефон: +3892 309 9593
Емаил: info@sistinanefroplus.mk
Веб адреса: https://sistinanefroplus.mk/
Следи
АКТИВНИ ОГЛАСИ
За нас

Основана во 2014 година, како резултат на потребата за подобрување на условите во центрите за дијализа и дијализниот третман во Р Македонија, Систина Нефроплус обезбедува здравствена грижа за повеќе од 600 пациенти во 10 центри, со повеќе од 80.000 дијализни третмани годишно.

ПЗУ Систина Нефроплус, најсофистицираниот центар за хемодијализа во земјата и регионот, применува најсовремени стандарди и процедури кои се засновани на препораките на највисоките европски и светски водичи за добра клиничка пракса во хемодијализата. Со помош на својот успешен модел на раководење, посветеност и стручност на специјализираниот тим професионалци, Систина Нефроплус на своите пациенти освен подобрување на здравствената состојба, им овозможува и продолжување и подобрување на квалитетот на животот на секој пациент. Систина Нефроплус центрите за дијализа се опремени со најсофистицирана опрема. Во нив за првпат се воведени врвните најефикасни европски и светски модалитети на хемодијализа High FLUX хемодијализа и On Line-HDF хемодијафилтрација. Компанијата, исто така, инвестира и во последна генерација на најсовремена и најефикасна технологија за хемодијализа, апарати CORDIAX 5008 S на производителот Фрезениус Медикал Кеaр, 80 столови и 79 кревети исклучиво за намена – Хемодијализа, како и обнова и набавка на нови системи за обработка на водата (реверзни осмози). Хемодијалнизните третмани се изведуваат исклучиво со ултра чиста вода. Преку своите дијализни центри, ПЗУ Систина Нефроплус е присутна во 10 градови, и тоа во Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, Битола, Прилеп, Кавадарци и Велес, а за првпат во нашата држава инвестираше во отворање на уште два нови центри, во Кичево и во Охрид. Центрите на Систина Нефроплус нудат „холидеј-хемодијализа“, додека за првпат во Р Македонија, во дијализниот центар Систина Нефроплус - Охрид се изведуваат и долги ноќни хемодијализни третмани.