Тимот на Младинскиот културен центар во Скопје со убава најава, токму за деновите пред викенд.

Ни доаѓаат „Viagra Boys“! Доаѓаат на „Здраво Млади“ 11.

– Стигнавме и до оваа најава што ќе ни ги донесе #ViagraBoys, кои беа планирани за ланското издание. И повторно нема да ве лажеме и да глумиме опуштеност – велат Организаторите, и дополнуваат:

– МКЦ тимот брои гооолеми фанови на бендот и денес официјално станавме горди сопственици на акции од Shrimptech Enterprises. Овој шведски пост-панк бенд со секој нов албум станува сѐ подобар и подобар…

Со тоа, Скопје, конечно ја имаме таа чест да го угости овој бенд на 26 август во паркот на МКЦ.

Билетите се во продажба за точно една недела од сега.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.