Скопје и Маратонот- Виз-ер најголем спонзор на скопскиот маратон.

Скопје е град со типична балканска улична пренатрупаност, далеку е од вистински сообраќајни решенија, па затоа сеокој застој во пренаселениот град предизвикува нервози, нестрпливост, пцости, па и сообраќајни незгоди. Скопје преку годината, благодарение на правото за слободно протестирање, многу често е малтретирано од неколкумина што го користат тоа право (најчесто, од напаравените анкети, ни самите не знаат зошто), нанесувајќи му огромни финансиски штети, што примарни, што секундарни, без да се свесни за тоа.

Има уште една манифестација со која градот се гордее, а глем број од учесниците во сообраќајот ги нервира.

Скопје и Маратонот

Фејсбук –анкета

Пред да биде напишан овој текст е направена фејсбук –анкета на која се дадени одговори на следново прашање: „Што мислите за маратонот, дали треба да се оддржува по главните артерии низ СК?“ Добиени се дваесетина лајкови (не е јасно дали „за“ или „против“), а дадени се  следниве коментари:

-Treba na lokalni patista…. Radoviš- Strumica, na primer!

Скопје и Маратонот- Виз-ер најголем спонзор на скопскиот маратон.

– Беше хаос, ама секаде во светот е хаос кога има маратон. Прашањето се поставува, дали денеска беше поголем хаос со маратон, или утре од 8-30 до 17-30 и така секој ден од понeделник-петок, без маратон…

  • Sve e haos moj prijatele pocni od sudstvo zavrsi do mediumite….nema kraj …pozz.

– kakva vrska ima toa so maraton i trcanje za zdravje,??? i toa vo nedela, vozete po obikolnici, ne vi smeta sekoe malku strajk ovde-onde vo rabitni denovi, ama ajde

– A kade, Boston e nesporedlivo pogolem, kade brzate vo nedela, ima obikolnici, barem ova e zdravo,,,

– Маратон да, возила во недела што е можно помалку.

– vo cel svet e taka …samo sto tamo znaat pa ne vozat koli toj den….

– Ne

– Абе, ај… Ќе им речат ај да трчаме и овие трчаат. А за шо трчаат?

– Да, жално е што воопшто некој така размислува наместо еден ден во годината не се вози автомобил барем неколку часа, а времето беше супер за пешачење

– E, ако не се оддржува по главните артерии на градот, како ќе се знае дека има маратон и кој ќе ги види трчачите, дека трчаат?

– Ako se dovolno brzi, nikoj :)))

– Не ме разочарувај. Зборуваме за еден ден во година и тоа за само 4-5 часа. Скопје е на светската мапа на маратони.

– Ne, ne treba, navistina bezredie! Cekas, cekas, eden pominal, pa dvajca, taman ke trgnes eve uste eden ide i haos bese vo Centar.

– Vo METROPOLITE e sosema drugo,ima bulevari, podvoznici, nadvoznici i….Od 3pa se do 5 se macime da se probieme do destinacijata i toa e neshto drugo ama shto ima samo vo centarot tri ulici,e toa e za pomisla???

Скопскиот маратон е во „шемата“ на светските маратони

Сепак, Скопскиот маратон е во „шемата“ на светските маратони и по угледот на нив, Градот го негува и се гордее со него.

За значењето на нашиот маратон разговараме со еден од главните актери во организацијата и во воздигнувањето на маратонот – Ѓоко Кузмановски, претседател на Сојузот на спортовите на град Скопје.

  • Како и кога се роди маратонот?

-Првиот скопски маратон е оддржан 1997 година, како полумаратон. Во 1998 година полумаратонот е проширен и покрај полумаратонската е додадена и маратонската трка. Првиот го оддржа атлетскиот клуб „Маџари“ во соработка со Сојузот на спортовите на Скопје. Следната година е организриан од страна на група граѓани, но потоа следеше пауза од девет година. Во март 2007 година, градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, ме повика, како генерален секретар на  Сојузот на спортовите на Скопје, да ме праша како може да се обнови Скопскиот маратон?

Иницијатор на таа средба и на организацијата беше тогашниот амбасадор на Европската унија во Скопје, Ерван Фуере. Бидејќи немаше доволно време, се договоривме да ја обновиме само полумаратонската трка. Се приклучија и Агенцијата за млади и спорт, атлетскиот клуб „Работнички“ со поддршка на Атлетската федерација на Македонија. Се разбира дека се вклучи и Министерството за внатрешни работи, бидејќи во таква организација најбитна е безбедноста на тркачите и на сите учесници во сообраќајот.

Веќе во 2008 година на програмата го ставивиме маратонот на прво место, а на второ полумаратонот. Следеа бројни пофалби и честитки и од дома и од Европската атлетска федерација. Маратонот секоја година растеше и се развиваше со се поголем број учесници од странство. Така во 2019 година го достигнавме плафонот, а тоа е вкупно 12 500 учесници на маратонот, на полумаратонот, на масовната трка на 5 км и на штафетата четири пати по 10 км. Натпреварувачите беа од 60 земји, буквално од сите континенти, од Нов Зеланд, Аргентина, Бразил, Канада, Индија, Јапонија и тн.

Последниве години се зголеми бројот на маратонците од африканските земји кои се најдобри тркачи во маратонско трчање.  Главен организатор е Сојузот на спортовите на Скопје, но во организациониот одбор се вклучени и претставници на покровителот Градот Скопје, Агенцијата за млади и спорт канцеларијата на Европската унија во Скопје, полицијата, Брза помош, Црвениот крст.

Финансиски покровител  е градот и скопските јавни претпријатија

  • Кој го покрива маратонот финансиски?

-Градот е најголемиот финансиски покровител и скопските јавни претпријатија. Во 2014 година светскиот првак во маратонско трчање од Кенија, Вилсон Кипснаг, ни беше гостин и промотр на маратонот, а во 2019 промотор беше Пола Ретклиф – светски рекордер во маратонско трчање за жени.

  • Кој може да учествува?

–  Сите здрави лица од 14 до 70 години. Но, една третина од тркачите се главно атлетичари кои се натпреваруваат за бодови, за резултати, за награди и за пари.  Најголемиот дел се рекреативци.

  • Во каков облик се наградите?

– Наградите се во пари. Наградниот фонд е околу 20 илјади евра.

  • Кој ги дава парите?

-Еден дел ги обезбедува градот Скопје како главен покровител. Еден дел Агенцијата за млади и спорт, дел Канцеларијата на Европската унија во Скопје и поголемиот дел од спонзори и котизации.

  • Дали има одѕив од страна на спонзорите?

-Уште не сме стасале до големи спонзори, но има доста фирми за кои не е проблем да одвојат 5-10 илјади евра. Секоја година маратонот го затвораме со позитивна нула, никогаш не сме биле во минус.

  • Како помина маратонот во кодив-периодот?

– Во 2020 ковидот не не спречи да го организираме. Бројот на учесниците беше намален на половина, околу шест илјади учесници, но, сепак, заради мерките, стартуваа само илјада и 200 натпреварувачи.

  • Ова година?

– Оваа година имавме пријавено седум илјади учесници, но поради мерките, на стартот се појавија околу шест илјади и 500 тркачи.

Виз-ер е главен спонзор на Скопскиот и на уште седум маратони во Европа

  • Кој е главниот спонзор на маратонот?

– Да. Важно е да се каже дека главен спонзор на маратонот е Виз-ер. Компанијата е спонзор на седум маратони во Европа (Букурешт, Прага, Софија, Будимепшта, Глуж, Киев, Катовице и Дебрецин). Годинава Виз-ер ни упати честитка во која се вели дека Скопскиот маратон е најдобро организизран од сите споменати европски маратони. Особено се издвојува елекртонскиот сегмент, дигитализацијата на преносот на информации и на сета електроника вклучена во маратонот, беше на највисоко можно ниво.

  • Дали може подобро да се организира, да се намали метежот во сообраќјот. Можеби не мора да се возат сите автомобили, но има итни потреби што не можат да чекаат, Скопје е голем град и никогаш не спие. Се разбира дека пораката што произлегува од маратонот е јасна – да се намали зависноста од моторните возила, да се стимулира спортот и физичката активност, но во еден голем град, со тесна сообраќајна инфраструктура и тој ден е проблем, особено кога ќе се соберат сите блокади во годината од разни групи и разни политички делегации, за некои граѓани застојот што го прави маратонот е капката што ја прелева чашата. Дали е размислувано до максимум да се олесни движењето на тие што не учествуваат во маратонот, а се ученсици во сообраќајот тој ден?

-Имаше идеја еден дел од трката да се трча по кејот на Вардар, но правилата на европската и светската атлетска асоцијација на маратоните не дозволуваат трчање по паркови, туку само по асфалтирани улици во градовите. Мора да се има предвид евентуалната потреба од интервенција на возилата на брзата помош и на Црвениот Крст. Многу поголем број учесници има на пример Истанбул – 30 илјади. Љубљанскиот маратон има 15-20 илјади учесници, Прашкиот маратон има околуи 20 илјади… Што се однесува до реакциите на граѓаните, првите години имавме бурни реакции, но од 2010 година, тие се помали. Мислам дека е веќе подигната свеста за овој начин на спортување. Кога има поголемо растојание меѓу групите тркачи, полицијата ги пушта автомобилите да поминат, така што, се чека најмногу 10 – 15 мин на семафорите.

Скопје и Маратонот- Виз-ер најголем спонзор на скопскиот маратон.

  • Која е генералната порака на маратонот?

-Мотото на организаторите на сите маратони во светот е „трчање за сопствено задоволство и здравје“. Мотото на скопскиот маратон го промовираме преку паролите „Движи се за да бидеш поздрав“, „Движи се за да бидеш поефикасен во работата“. Мислам дека целта е постигната. Пред само 15-тина години на кејот можеа да се сретнат многу мал број рекреативци што трчаа. Како што се развива маратонот, кејот на Вардар е полн и веќе не ги собира сите рекреативци што трчаат. Голем број од нив трчаат за подготовка за маратонот.

Маратонот во Бостон прв во историјата

Прв во историјата е Бостонскиот маратон. Бостонскиот маратон е годишна маратонска трка, организирана од неколку градови во поголемиот Бостон, во источниот дел на Масачусетс, САД. Традиционално се одржува на Денот на патриотите, третиот понеделник од април. Почна во 1897 година, настанот бил инспириран од успехот на првиот маратонски натпревар на Летните олимписки игри 1896 година.

Бостонскиот маратон е најстариот годишен маратон во светот и е рангиран како еден од најпознатите светски настани за тркачки патишта. Тоа е едно од шесте главни светски маратони. Неговата рута е од Хопкинтон, во јужниот дел на Минлдекс-округот, до Копли Сквер во Бостон.

Настанот привлекува 500.000 гледачи секоја година, што го прави најгледаниот спортски настан во Нова Англија. Иако започна со 15 учесници во 1897 година, настанот сега привлекува просечно околу 30.000 регистрирани учесници секоја година, со 30.251 учесник во 2015 година.  Стогодишниот Бостонски маратон во 1996 година воспостави рекорд како најголем маратон во светот со 38.708 учесници, 36.748 стартери и 35.868 финишери.

Бране Стефановски

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.