Скопје за првпат домаќин на Beyond HR Forum 2021 – централен настан за професионалците од областа на човечките ресурси. Настан на кој ќе се говори за човечките ресурси. Настан на кој ќе говорат врвни претставници од корпоративниот и државниот сектор во Македонија.

Скопје за првпат домаќин на Beyond HR Forum 2021

Настанот ќе се одржи на 15 јули, во Хотел Мериот во Скопје. Целта е да ја обедини бизнис заедницата во Македонија, а најмногу HR професионалците кои директно или индиректно управуваат со пазарот на трудот.

На форумот, кој е всушност прв голем HR настан со физичко присуство од почетокот на пандемијата, ќе имате можност да слушнете за најновите предизвици, информации, методи и идеи од светот на човечките ресурси. И тоа директно преку искуствата на врвни претставници од корпоративниот и државниот сектор во Македонија, велат организаторите.

Агилен HR

Агендата на Beyond HR Forum 2021 е поделена во четири панели:

  • Образованието како основа за градење на интелектуалниот капитал на компаниите
  • Одливот на мозоци – проблем кој може да се надмине со human centric HR методологии
  • Хибридното работно место – ново секојдневие на вработените во 21 век или привремена мерка за справување со Ковид-19?
  • Агилен HR, како ќе изгледа управувањето со човечките ресурси пост пандемијата со Ковид-19?

 

Целта на овој форум е да им овозможи на учесниците да се здобијат со заклучоци и решенија за гореспоменатите предизвици со кои во моментов се соочува корпоративниот свет. Исто така да произведе иницијативи за нивно надминување по пат на активна соработка помеѓу релевантните чинители, стои во поканата од организаторите.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.