Србија ќе го отвори најголемиот рудник за злато и бакар во Југоисточна Европа на есен оваа година. Со пуштаењето на овој рудник Србија ќе биде втор производител на тој благороден метал во Европа, веднаш по Полска, информираат од Министерството за рударство и енергија на Србија.

Србија ќе го отвори најголемиот рудник за злато и бакар во Југоисточна Европа на есен оваа година

Рудникот „Шукару Пеки“ ќе биде отворен на есен, и тоа ќе биде првиот зелен рудник во Србија. Благодарение на овој најголем рудник Србија ќе произведува 18 проценти злато во Европа, информираа од Министерството, пренесе ТВ Прва.

Според министерката станува збор за зелен рудник, дигитализиран. Всушност имајќи ги технологиите од 21 век, денес постојат можности преку современи технолошки процеси да се интензивира рударството на еколошки начин, без да ја загадува и уништува околината.

Инаку,Србија во моментов произведува пет проценти бакар во Европа.

Министерството за рударство и енергетика донесе одлука за одобрување на

Изградба на рударски објекти и рударски работи за рудникот за бакар и злато Кукару Пека, Министерството за рударство и енергетика на Србија му ја одобри на кинеската компанијата „Зиџин мајнинг “

Проектот за рударство предвидува годишно производство од 3,3 милиони тони бакар и златна руда, а резервите на експлоатација изнесуваат 36,990,000 тони руда.

Вкупната вредност на инвестициите во проектот „Кукару Пека“ е 474 милиони евра, се додава во соопштението на споменатото министерство, пренесува Б92.

Со есенското отворање, се очекува рудникот да донесе бројни работни места, дека ќе го забрза економскиот раство регионот и дека ќе го подигне БДП на Србија.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.