И овој пат финалето на регионалната смотра на најдобрите театарски претстави ќе помине без учесници од Македонија.

Што се случува со нашата продукција, која некогаш, во рамките на поранешна заедничка држава, секогаш освојувала највисоки театарски награди и признанија?

Престижното „Стеријино позорје“ во Нови Сад е најавено од 18 до 26 јуни, каде се планира да се играат девет претстави во натпреварувачката програма, а уште четири дела во програмата „Кругови“ и вон-програмата.

Организаторите на еден од најважните театарски фестивали во регионот претходно најавија дека ќе се обидат да го одржат 66-то издание на оваа престижна манифестација, и покрај околностите, целосно, со бројни придружни програми.

Селекторот д-р Миливоје Млаѓеновиќ избра девет претстави во натпреварувачка програма:

– „Госпоѓа Министерка“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Тања Мандиќ Ригонат (Hrvatsko narodno kazalište „Ivan Pl. Zajc“, Rijeka)

– „Делби“ од Добрица Ќосиќ, во драматизација на Спасоје Ж. Миловановиќ, во режија на Југ Радивојевиќ (Srpsko narodno pozorište, Novi Sad)

– „Кусо петле“ од Александар Поповиќ во режија на Милан Нешковиќ (Narodno pozorište Subotica)

– „Шиндлеровиот лифт“ според романот на Дарко Цвијетиќ, во режија на Кокан Младеновиќ (Kamerni teatar 55, Sarajevo)

– „Доколку долго гледаш во провалија“ од Енес Халиловиќ, во драматизација на Златко Паковиќ (Regionalno pozorište Novi Pazar / Kulturni centar Novi Pazar)

– „Голема депресија“ од Филип Грујиќ, во режија на Марко Челебиќ (Srpsko narodno pozorište / Centar za razvoj vizuelne kulture, Novi Sad)


– „Радио Шабац“ од Олга Димитријевиќ (Šabačko pozorište)

– „Тивко тече Мисисипи“ од Владимир Табaшевиќ, во режија на Ивица Буљан (Beogradsko dramsko pozorište)

– „Витезови на Лака мала“ во режија на Андраш Урбан (Pozorište „Deže Kostolanji“, Subotica).

Вон натпреварувачката меѓународна селекција „Кругови“, предвидени се претстави „Хотел Загорје“, авторскиот проект на Аница Томиќ и Јелена Ковачиќ (Gradsko dramsko kazalište Gavela, Zagreb) и „Крекања“ од Амир Башовиќ, во режија на Алеш Курт (Narodno pozorište Tuzla).

Како дел од оф-програмата „Втора сцена“, публиката ќе може да ги види „Поетика на гледањето“, замислена и режирана од Андраж Урбан (Pozorište „Deže Kostolanji“, Subotica) и „Како крајот да не е сосема блиску“ од Маја Пелевиќ, во режија на Никола Завичиќ (Bitef teatar, Beograd).

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.