ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
ТЕТЕКС А.Д.
ТЕТЕКС А.Д.
Слика за продавачот ТЕТЕКС А.Д.
Адреса: Ул.Браќа Миладинови 1
Град: Тетово
Вработени:
Даночен број: MK4028950114807
Матичен број: 4037537
Телефон: 0038944355001
Емаил: teteks@t.mk
Веб адреса: http://www.teteks.com.mk
Следи
АКТИВНИ ОГЛАСИ
За нас

Текстилниот гигант, Волнарскиот комбинат "ТОДОР ЦИПОВСКИ - МЕРЏАН" ТЕТЕКС АД - Тетово со ткаењето на приказната за неговиот успех и традицијата долга повеќе од пет децении, започна на 25 мај 1951 година, со пуштањето во погон на Предилницата за волнена преѓа.Денес, во ТЕТЕКС, најголемиот македонски текстилен производител, дејствуваат четири големи фабрики. Ф-ка Предиво и волница (од 2007 функционира како мешовита фирма на Тетекс АД и Норвешки партнери), потоа Ф-ка Ткаенини од која потекле првите метри сурова ткаенина во 1954 година, денес реномиран производител на модни ткаенини и ќебиња. Идејата за можноста ТЕТЕКС да ги преработува своите ткаенини се остварила со пуштањето во погон на Ф-ката Конфекција во 1963 година, а потребата за трикотажна облека, резултирала со почетокот на работа на Ф-ката Трикотажа во 1968 година. Тука е и трговската мрежа со 50-тина продавници низ земјата.
Во 1991 година, започнува трансформацијата на ТЕТЕКС од општествено претпријатие во приватно акционерско друштво. ТЕТЕКС АД Тетово денес е 100% приватизирано и котира на Македонската берза.