ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
ТИКВЕш ПРОДАЖБА И ДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ Скопје
ТИКВЕш ПРОДАЖБА И ДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ Скопје

За нас

Традицијата на винарството во Македонија и Тиквешијата е вековна. Уште од времињата на Римската Империја е запишано дека во Македонија се создаваат чудесно моќни вина со мирис на југот, вкус на песната и насмевките на луѓето што живеат на овие простори.

Во создавањето на таа долга винска традиција во нашата земја, а особено во тиквешкиот регион, вклучени се безброј вредни и вешти лозари и винари од минатото и од сегашноста. Голем удел во создавањето, негувањето и промоцијата на таа традиција во земјата и ширум светот, ѝ припаѓа токму на винарската визба „Тиквеш“.

Врвните вина кои се резултат на совршениот спој на земјата, небото, сонцето, најдоброто грозје од тиквешкиот регион и најсовремената технологија и знаење на винските мајстори, гордо го претставуваат „Тиквеш“ и Тиквешкиот регион, кој уште од 1885 година е симболот на вековната винска традиција во Македонија.

Запознај го работодавачот

Нашите луѓе се нашата најголема вредност. Од нив почнуваат сите вински приказни и авантури. Зад сите успеси стојат оние што секојдневно се вложуваат во винарницата, но и нашите соработници, вклучени во сите сегменти од работењето на компанијата, од лозјата, преку создавањето на виното, па сѐ до продажбата на глобален пазар. Сите тие го сочинуваат Тимот на Тиквеш, во чиј натамошен развој континуирано вложуваме, бидејќи цврсто веруваме дека луѓето се столбови на секој наш успех.

Тимот на Винарската визба „Тиквеш“ е совршен спој на мудрост и младост, на искуство и ентузијазам, на големо знаење и постојана желба за учење, на талент и желба за постојано усовршување…

Она што ги поврзува и што е заедничко за сите луѓе на „Тиквеш“ е уверувањето дека успехот на „Тиквеш“ е воедно и поединечен успех и нешто на кое секој од нас е особено горд.


Контакт

ТИКВЕш ПРОДАЖБА И ДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ Скопје
ул. 810 бр. 2, 1000 Скопје
Град: Скопје
Вработени:
Даночен број: MK4043014516030
Матичен број:
Телефон:
Мобилен: 071/244-336
Веб адреса: https://tikves.com.mk/
*Корисникот што не контактира е согласен со правните информации.

Социјални профили на ТИКВЕш ПРОДАЖБА И ДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ Скопје