ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
Тинекс
Тинекс

За нас

Тинекс e малопродажен ланец на супермаркети кој веќе 24 години настојува на своите потрошувачи да им ги понуди најдобрите производи со врвен квалитет и по одлични цени. На нашите полици секојдневно може да се најде широка лепеза на повеќе од 20.000 производи од различни категории, меѓу кои се вбројуваат производите од нашиот бренд EXTRA, како и голем број на странски увозни брендови на производи и деликатеси, достапни единствено во нашите маркети.

Нашата приказна започна во 1994г., кога во населбата Карпош 3 беше отворен првиот Тинекс маркет. Оттогаш па се до денес, компанијата успеа да остане лидер на пазарот и е еден од најпрепознатливите македонски брендови. Денес, Тинекс располага со 40 продажни објекти, распространети во 11 градови низ Македонија, како и со сопствен погон за подготовка на готвени јадења, погон за расек и подготовки од месо, логистички центар и др.

Со цел на купувачите на едно место да им понудиме комплетна услуга и целосно да ги задоволиме нивните потреби, во склоп на повеќето супермаркети се наоѓаат и многу други услужни објекти како дрогериите Cosmo, Tinex TO GO, аптеки, услуги за хемиско чистење, авто перални, менувачници, цвеќарници, детски катчиња и др.

Супер Тинекс е нашиот ланец на хипермаркети кои располагаат со голем продажен простор и понуда од над 20 000 производи. За целосно уживање, како составен дел на овие објекти има аптеки, кафе барови, хемиско чистење, авто перални, детски катчиња и др. Првиот Супер Тинекс е отворен во 2008 година, а после него следат уште 9 други.

Концептот Тинекс Дисконт го развивме со цел да им овозможиме на купувачите бројни поволности по најконкурентни цени. Нашиот ланец располага со 26 дисконти во повеќе градови во државата.

Во рамките на својата малопродажна мрежа, Тинекс во 2004 година ја создаде својата прва приватна марка"Extra", која се состои од над 300 високо квалитетни производи по забележливо ниски цени.  Идеата зад започнувањето на сопствена марка беше на потрошувачите да им се понудат производи со висок квалитет по ниска, попристапна цена.

“Tinex Тo Go“ е нов концепт кој работи во склоп на Супер Тинекс маркетите. Во моментот Tinex Тo Go е застапен на 4 локации: Катна гаража „Јужен Булевар“, Раде Кончар , Зебра Центар и Катна гаража „Тодор Александров“. Tinex Тo Go претставува одлично место за краток одмор и уживање во вкусни сендвичи, салати, пијалаци и десерти подготвени од најквалитетни свежи сосотојки.

Во 2015г. Тинекс го прошири своето семејство на маркети со отворање на сосема нов концепт на маркет  наречен Delicatessen Tinex. Delicatessen Tinex  е маркет за вистинските љубители на храна, деликатеси и пијалоци од целиот свет, кој нудат вистинско гастрономско уживање. Покрај редовниот асротиман на производи, во маркетот може да се најдат посебни увозни брендови на италијански сирења, месо ( Black Angus и Kobe, месо од дива свиња), сувомеснати производи, вина (од Италија, Франција, Перу, Шпанија и др.) и други специјалитети кои ги нема на друго место во Скопје.

Водени од целта на нашите потрошувачи на едно место да им понудиме најпрефинети детали кои се инспиративни, енергични и креативни, и кои се разликуваат од обичните предмети за домот, во 2017год. го креиравме концептот Tinex Home. Tinex Home е продавница за брендиран декор и префинети детали наменети за опремување и збогатување на домот. Продавницата Tinex Home беше отворена во 2017г. во трговскиот центар Зебра.

 Cosmo, основан во 2009г. како дел од ланецот на супермаркети Тинекс, е ланец на дрогерии кои нуди широк асортиман на најактуелни производи од реномирани брендови за козметика и убавина. Во шесте Cosmo продавници, распространети низ Скопје и Куманово, може да се најдат над 10.000 производи наменети за нега на лице, коса, тело, декоративна и селективна козметика, парфеми од најреномирани брендови, како и ексклузивен дизајнерски накит од Шпанија и Италија од брендовите Alcozer & J, Mafran, Daniel Espinosa и др.

Запознај го работодавачот

Паралелно со развојот на компанијата, ја негуваме и традицијата на грижа за потребите и развојот на заедницата. Во 2012 година ја формиравме платформата „Тинекс, ти и јас“, преку која даваме подршка на проекти во различни области како здравството, уметноста и културата, спортот, образованието, заштита на животната средина и помош на социјално ранливи групи. На овој начин, помагаме во реализација на проекти кои ќе остават трајна вредност во општеството.

Тинекс, секој ден со вас!


Контакт

Тинекс
Васил Ѓоргов, бр.16 влез 1 менсарда 1 (ТЦ Зебра)
Град: Скопје
Вработени:
Даночен број: MK4030993244482
Матичен број: 4632729
Телефон: +389 2 2727 501
Мобилен:
Емаил: tinex@tinex.com.mk
Веб адреса: http://tinex.com.mk/
*Корисникот што не контактира е согласен со правните информации.

Социјални профили на Тинекс