Успешен практичен проект за ученици од стручните скопски училишта во Лајпциг, каде ги покажаа и подобрија своите вештини преку проектот: Еразмус + „Поттикнување на претприемништво со подобрени вештини преку иновативно учење“.

Проектот е имплементиран преку Центарот за развој на скопскиот плански регион заедно со три стручни училишта: АСУЦ „Боро Петрушевски“, СГГУ „Здравко Цветковски“ и СУГС „Браќа Миладиновци“ и со поддршка од Националната агенција за европски образовни програми Мобилност. Завршниот настан од проектот беше презентиран во просториите на Европска Унија во Скопје во присуство на професорите, координатори на учениците претежно од четврта година од овие училишта и тимот од Центарот за развој на Скопски плански регион.

Успешен практичен проект за ученици од стручните скопски училишта во Лајпциг

„Добредојдовте во куќата на Европа, куќата каде влегуваат само успешни. Денес вие овде сте дел од успешните кои завршуваат еден успешен проект, којшто и за нас како центар беше предизвик, а верувам и за вас како млади луѓе да се најдете себе си во системот и општеството каде што функционирате и живеете“. Вака Љупчо Кец Митровски, директор на Скопскиот плански регион ги поздрави и изрази благодарност  до учениците, кои безрезервно се впуштија во оваа активност, до професорите кои го координираа овој процес и директорите на училиштата.

Резултатите од проектот посветен на учениците од овие стручни училишта ги презентираше Викторија Митрикескa, координатор за одржлив развој и поддршка на приватниот сектор во Центар за развој на Скопски плански регион.

– Целта на проектот, како што рече Митревска беше трите различни профили да ги обединиме во рамките на областа на претприемништвото и иновациите со тоа што група од 18 ученици имаа можност да присуствуваат на мобилност во Германија каде работеа со свои ментори од нивните професионални области. Ова беше проект исполнет со многу другарувања, нови партнерства и добри резултати од она што го имавме како визија на почетокот да го спроведеме.

Учениците од трите училишта иако поради ковидот не можеа да ги посетат компаниите во Лајпциг, како што првично било предвидено, сепак целата практичнa обука за трите профили била спроведена во рамките на Училишниот центар, комплекс Виталис во Лајпциг.

„Обуката се спроведе преку конзорциум со центарот Виталис којшто спроведе неколку активности за кои сметавме дека навистина ќе им бидат од корист на учениците: обука за претприемништво и во теоретски и во практичен дел, при што се работеше на подобрување на вештините со менторите во центарот. Токму во Центарот Виталис спроведовме практична обука  во автомеханичарската работилница, со дел од учениците го уредивме дврот на училишниот германски центар и  подготвивме садници со 350 елки и 150 лаванди, а другиот дел од учениците ги завршија задачите во аутокат и 3д моделирање. Работевме на подобрување на перформансите во учењето преку работа во тимови и се надевам дека преку овие активности придонесовме за подобрување на професионалниот и кариерен развој на овие млади луѓе.  Учениците од трите профили не само што беа пофалени, туку и добија понуди за работа“ нагласи Митрикескa. Во рамки на двонеделната обука учениците реализирале и дополнителни културни активности и посета на знаменитости во неколку градови во Германија.

Успешен практичен проект за ученици од стручните скопски училишта во Лајпциг

Митрикескa посочи дека иницијатива за овој проект е со цел да се поттикне подобар регионален развој во рамките на Скопскиот плански развоен регион, особено да дадат поддршка на малите и средни претпријатија, на оние млади претприемачи кои што ќе се охрабрат да направат свој бизнис.

„Верувам дека поголемиот дел од вас се гледате со таква визија во иднина да имате свои претприемачки бизнис и да бидете успешни во рамките на вашите профили“, доверливо им се обрати на средношколците.

Инаку, проектот се спроведуваше во рамките на бизнис центарот на Скопскиот плански регион којшто има консултативна улога да им помага на малите и средни претпријатија, да им помага на претприемачите преку менторски и советодавни услуги, но и со вмрежување  и градење на нови партнерства, кои што ќе го одобрат тој претприемачки еко систем во рамките на скопскиот регион.

„Од друга страна покрај сите работи што ги правиме со МСП, средните стручни училишта и сите партнери кои што заедно креираат подобри политики за претприемачкиот еко систем, ние сме свесни дека тие се соочуваат со голем број на предизвици и проблеми, како што е недостигот на работна сила. Тоа го покажуваат анализите од минатиот период, а и сите сме свесни дека голем број на млади луѓе се иселуваат од земјава и своето место на живеење го наоѓаат во подобрите европски држави.

Се надевам дека ние правиме мал исчекор во рамките на оваа активност и  со тоа ќе придонесеме таа слика да не биде толку лоша. Во таа насока со цел да изградиме подобри капацитети за младите претприемачи за средношколците кои учат во средните стручни училишта сметавме дека треба да овозможиме услови каде што праксата ќе биде се поприсутна во рамките на нивниот образовен процес.

Овој проект имаше за цел да навлезе во приоритети коишто ќе влијаат за подобрување на иновативноста кај учениците од трите средни стручни  училишта со цел  за подобро нивно иновативно размислување, што ќе влијае самите училишта да се трансформираат во т.н.претприемачко училиште. Во рамките на мобилноста која ја спроведувавме со учениците и секојдневните разговори со професорите, дознавме дека во нашите средни училишта веќе има претпријатија кои успешно работат и покажаа дека средното стручно образование во нашиот регион е навистина квалитетно и има економски придобивки,“ елаборираше координаторот на проектот.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.