ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
ВЕРОПУЛОС ДООЕЛ Скопје
ВЕРОПУЛОС ДООЕЛ Скопје

За нас

На овој пазар Веропулос е присутен од 1997 година со отворање на првиот супермаркет во Скопје. Со самото доаѓање во 1997 година, претставува една од поголемите странски инвестиции од осамостојувањето на државата. Со своето започнување со работа, Веро внесе нов тренд и поинаков начин на пазарување во согласност со сите европски стандарди и методи на работа во малопродажниот бизнис. Бројот на посетеност од повеќе од 25.000 потрошувачи дневно го докажува тоа.Нашите супермаркети нудат асортиман од над 35.000 производи со гарантирано контролиран квалитет. Деведесет отсто од асортиманот на производи е од домашни добавувачи или производители, а десет отсто се производи од увоз.Денес Веропулос, по 19 години постоење, е присутен на овој пазар со 7 супермаркети во Скопје, 2 во Битола и 2 во Тетово.Вкупната површина на Веро супермаркетите изнесува 20.000 m2, а има 1000 вработени.

Запознај го работодавачот

Нашето дејствување е насочено кон задоволување на потребите на сите потрошувачи и бизнис-партнери кои стапуваат во контакт со Веропулос. Со професионален и софистициран однос, со целосна понуда на услуги и производи, како и услови кои се во тек со сите европски стандарди се залагаме и работиме за подобрување на квалитетот на живеење.

На сите пазари на кои сме присутни, сакаме да гарантираме исти стандарди на услуги и понуди кои водат до поголем успех во работењето.

Плановите и целите на компанијата се насочени главно целокупниот профит да се инвестира во нови супермаркети, кои му нудат на потрошувачот софистициран начин на пазарување. Заедно со својот тим од 1000 вработени, ја реализираат стратегијата на Веро – најдобар избор, најдобри цени и најдобра услуга, раководејќи се од мотото „Купувачот е нашиот шеф“.


Контакт

ВЕРОПУЛОС ДООЕЛ Скопје
„Кочо Рацин“ бр. 1, 1000 Скопје
Град: Скопје
Вработени:
Даночен број: MK4030996253296
Матичен број:
Телефон: +389 2 306 99 16
Мобилен:
Емаил: info@vero.com.mk
Веб адреса: https://vero.com.mk/
*Корисникот што не контактира е согласен со правните информации.

Социјални профили на ВЕРОПУЛОС ДООЕЛ Скопје