Висококвалификуван и високомотивиран тим, приоритет на „Би-МЕК“

-Токму ваквата определба и грижа за развивање на професионалните знаења и вештини за најнапредна медицинска опрема кај вработените, како  и вниманието на одржување на безбедна и здрава работна средина е една од целите преку која компанијата ги задоволува потребите на клиентите“, вели Д-р Даница Алачка Дукоска, директор на Би-МЕК ДОО, ексклузивен дистрибутер за многу  светски познати и реномирани производители на медицинска опрема. Компанија чиј асортиман опфаќа широко портфолио на дијагностичка и болничка апаратура како и специфична опрема за потребите на разни специјалности.

Д-р Даница Алачка Дукоска, директор на Би-МЕК ДОО: Вредностите на кои се темели нашиот успех се квалитет, услужност, доверба, иновативност и разбирање на потребите на нашите клиенти.

*„Би-МЕК“ е присутен на македонскиот пазар речиси две деценииСо што всушност се занимава вашата компанија, односно која и е основната дејност?

– „Би-МЕК“ како компанија за здравствени технологии, е ексклузивен дистрибутер на многу светски познати и реномирани производители на медицинска опрема. Ние сме специјализирани за продажба, дистрибуција, инсталација, обука, сервис и одржување на медицинска опрема со искуство од скоро 20 години и голема инсталациска база на опрема во државата.  Комплетниот асортиман на Би-МЕК опфаќа широко портфолио на дијагностичка и болничка апаратура како и специфична опрема за потребите на различни специјалности.

*Колкав е интересот за ваков вид специфична медицинска опрема како и за другите услуги што ги нудите? По што се разликувате од конкуренцијата? 

-Постои  интерес и уште поголема потреба за секаков вид на опрема, од основната потребна опрема за отворање на општа ординација се до комплексно опремување и планирање на цела болница. Компанијата инвестира во развој преку пласирање на напредни и иновативни технологии на пазарот за унапредување на капацитетите на македонското здравство. Еден од приоритетите на компанијата е и континуирана инвестиција во професионален тим, обучен за справување со комплексни проекти во сите фази од планирање до реализација и одржување на опремата по највисоки светски стандарди. Горди сме на нашиот сервисен оддел кој располага со врвни ресурси во смисла на кадар и специјализиран алат за високо професионална инсталација, одржување, сервисирање, калибрација и електрична безбедност на медицинска опрема. Се трудиме секогаш да ги исполниме и најспецифичните барања на нашите клиенти, веројатно тоа е она што не одвојува од останатите компании од оваа област.

Компанијата воспостави  репутација на сигурен партнер

*Како успевате да го задржите златниот стандард и мерка за квалитет и професионалност, што е наведен како ваша визија?

– Низ годините, како резултат на одличната работа, компанијата воспостави репутација како сигурен партнер и ужива високо ниво на доверба кај клиентите и препознатливост на брендот. Вредностите на кои се темели нашиот успех се квалитет, услужност, доверба, иновативност и пред се разбирање на потребите на нашите клиенти што е од особена важност во вака специфична индустрија во која работиме.
Горди сме на остварената долгогодишна соработка и партнерство со голем број јавни и приватни здравствени установи ширум земјата. Континуираната грижа за нашите клиенти како и негување на добрата работна атмосфера и задоволството од работата на целиот тим на Би-МЕК се клучни за развојот и успехот на компанијата.

Висококвалификуван и високомотивиран тим, приоритет на „Би-МЕК“

Луѓето кои работат во компанијата се всушност движечката сила на сите проекти и нашиот успех е нивно достигнување. Се грижиме за развивање на нивните професионални знаења и вештини, притоа посветувајќи посебно внимание на одржување на безбедна и здрава работна средина.

*Кои се клучните потези за да може компанија која се занимава со специфична дејност да ги задржи и да одговори на предизвиците на комитентите?

-Постојано го следиме нивото на задоволство на нашите клиенти и внимателно правиме годишни анализи за нивните препораки и барања, бидејќи сметаме дека нивните забелешки се клучни за подобрување на нашите услуги. Се стремиме секогаш да ги надминеме очекувањата на нашите клиенти во се што работиме и нудиме флексибилност и приспособување на различните потреби на нашите клиенти. Гарантираме професионалност, правилно и целосно спроведување на сите преземени проекти. Довербата како од клиентите така и од вработените се стекнува и негува со одржување на континуирана поддршка, квалитет и професионализам на сите нивоа.

Континуирано сервисирање на медицинска опрема

*Покрај пласман, нудите и одржување на напредната технолошка медицинска опрема. Услуга за која е потребен и стручен тим. Кои занимања се во фокусот на вашиот тим и каде се обучуваат ? 

– Нашиот тим од високо стручни и сертифицирани инженери со долгогодишно искуство е секогаш подготвен да одговори на барањата за сервис на медицинска опрема, периодично системско одржување, проверка за електрична безбедност на различна медицинска опрема и калибрација. За така чувствителна област како што е здравството, неопходно е техничката поддршка на медицинската апаратура да биде континуирана и брза.

Сервисерите поседуваат сертификати од производителите на медицинска опрема и континуирано присуствуваат на обуки и работилници организирани од самите реномирани производители за напредна медицинска технологија во странство.

Нашите инжинери  нудат знаење и искуство за поправка или вршење на безбедносни инспекции дури и на најнапредна медицинска опрема

* Што во моментот е најактуелно во БИ-МЕК. На што најмногу се ангажирани вашите вработени?

-Последниве две години, целиот тим на Би-МЕК се посветивме, во рамки на нашите можности, да им помогнеме на сите здравствени установи во справувањето со здравствената криза поврзана со пандемијата. Нашите вработени инсталираа опрема, помагаа за санирање на проблеми и фацилитирање на работењето на медицинската опрема во сите болници ширум земјата вклучително и центрите за лекување на ковид пациенти. Имавме повеќе значајни проекти како во јавните така и во приватните здравствени установи со испорака на критична опрема за потребите на нашето здравство.

Висококвалификуван и високомотивиран тим, приоритет на „Би-МЕК“

Како овластен дистрибутер на Philips, оваа година добивме значаен проект финансиран од ЕУ делегација за опремување на повеќе болници ширум државата со современи апарати за магнетна резонанца и компјутерска томографија. Вкупно три апарати за магнетна резонанца и пет апарати за компјутерска томографија со висока конфигурација и многу можности за дијагностика ќе бидат инсталирани во осум различни градови во државата. Практично преку овој проект географски во голем дел од Македонија ќе се покријат потребите за навремена и софистицирана дијагностика достапна за секој граѓанин.

*Дали БИ-МЕК планира да донесе уште нови брендови кои ги нема на нашиот пазар или годинава се фокусирате на некој друг сегмент? 

– Еден од главните приоритети на Би-МЕК е определбата да се има висококвалификуван и високо мотивиран тим и пријатна и продуктивна атмосфера каде секој е одговорен за своите должности со цел да ги задоволи потребите на клиентите и политиката на компанијата. Секако, збогатувањето на нашата понуда со нови технологии и иновативни решенија и достапност на современа дијагностиката и терапијата за пациентите е една од стратешките определби на компанијата.

Македонка Балдазарска

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.