ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
ВИВАКС доо
ВИВАКС доо
Слика за продавачот ВИВАКС доо
Адреса: Перо Наков бр. 21
Град: Скопје
Вработени: 100
Даночен број: MK4030994113969
Матичен број:
Телефон: +389 2 2440-303
Емаил: viva@vivaks.com.mk
Следи
АКТИВНИ ОГЛАСИ
Електротехничар
Електротехничар
Рок - 30.11.2020
Конкурирајте
За нас

Во 2015 година стартува со работа новиот модерен објект од 50.000м² и инвестиција во асептична машина за полнење на сокови.
Дваесет годишен јубилеј од работењето во 2014 година, е обележан со комплетно редизајнирање линијата од 1 литар.
Во 2013 година на осумдесетото издание на меѓународниот саем за земјоделие во Нови Сад, Србија, Вива освојува:

• Златен медал за квалитет за портокал 100%, праска нектар, коктел нектар

• Голем златен медал за ананас 100% и АЦЕ нектар

• Пехар од Новосадскиот саем за квалитет на овошни сокови
2012 година Вивакс како единствената македонска компанија, воедно и на Балканот, започна соработка со Disney International, за производство на сокови официјално лиценцирани од глобалната марка Disney и Marvel.
2011 година, инвестиција во комплетна линија за PET. Со оваа нова линија почнува производство на овошни пијалоци и ледени чаеви во амбалажи од 0,5л и 1,5л, и сирупи од 1л.
2006 започнуваме со пакување на сок во картонска амбалажа од 2 литри.
2003 година Вивакс станува водечки производител на природни овошни сокови и нектари во Република Македонија.
2002 година започнува производство на сокови од 200 мл - дојпак, уникатно пакување со вметната сламка. Така, тогаш станавме единствени на Балканот со овој тип на пакување.
Во мај, 2000 година, пуштена нова линија за производство на картонско пакување од 1л Елопак. Со ова пакување зацврстена е позицијата на пазарот и брендот Вива прераснува во национален бренд.
Во 1999 година изградба на сопствен објект од 2.000 м².
Во 1995 година започнува производство на сокови во флексибилна амбалажа (черпак), во пакувања од 250мл и 1л и пакување на кафе во амбалажа од 70мл. Единствени на Балканот со овој тип на пакување, што допринесе брендот Вива да стане препознатлив и надвор од границите на Македонија.
Во 1994 година, господинот Димитар Јосифовски ја започнува приказната за Вива. Целта на компанијата од самиот почеток е производство на сокови со највисок квалитет, која секогаш ќе е најпрепознатлива карактеристика за брендот Вива.