Volkswagen ID.4 – Автомобил на годината во светот. „World Car of the Year 2021“ е Volkswagen: Новиот и целосно електричен ID.4 преовлада над силната меѓународна конкуренција на интернационалните „World Car Awards“- награди за автомобили. VW ID.4 ја освои победата во конкуренција на два јапонски модели – Тојота Јарис и Хонда е. Светската награда „World Car of the Year“ ја доделуваат повеќе од 90 меѓународни автомобилски новинари од 24 земји, кои гласаат за најдобрите иновации на светскиот пазар.

Што се однесува до победниците во другите категории, титулата „Светски урбан автомобил“ му припадна на  електричниот Honda- e. А,во категоријата „Светски луксузен автомобил“, триумфираше класата Мерцедес С.

Во категоријата спортски модели („Светски перформанси автомобил“), првиот е Porsche 911 Turbo, а Land Rover Defender беше прогласен за најдобро дизајниран модел („Светски автомобилски дизајн на годината“).

Volkswagen ID.4 – Автомобил на годината во светот

Електрична офанзива низ цел свет

-Особено сме задоволни што нашиот ID.4 е прогласен за Светски автомобил на годината“, вели Ралф Брандштетер, извршен директор на патнички автомобили на Volkswagen. „Не само затоа што е една од најважните награди за автомобили во светот – туку затоа што жирито ја истакна одличната идеја на одличниот тим на Volkswagen. Модел за клучните пазари на Европа, Кина и САД ја носи нашата електрична офанзива низ целиот свет. Убедлив автомобил, одлична идеја – и награда за Светски автомобил на годината? Тоа нам ни звучи одлично!“, додаде Ралф Брандштетер.

Возилата што ги исполнуваат условите за наградата Светски автомобил на годината мора да бидат произведени во најмалку 10.000 единици годишно и да бидат понудени на најмалку два континента.

„Наградата Светски Автомобил на Годината претставува голем успех за целиот ID тим“, вели Томас Улбрих, член на бордот за развој на брендот Volkswagen. „Успеавме да развиеме автомобил што ја започнува системската промена во електро-мобилноста во најважниот светски сегмент на компактни теренци и нуди одлична секојдневна употребливост. Со него, ID.3 и со претстојните ID модели, правиме иновативна електрична мобилност на пазарот, со волумен кој е достапен за сите“.

ID.4. стандард во дигитализацијата

Жирито ја пофали грижата за еколошката средина без испуштање на директни емисии, како и иновативните карактеристики на ID.4. На пример, иновативниот дисплеј за аугментирана реалност, достапен опционално. Може да проектира важни информации на ветробранското стакло, како што се насоките од системот за навигација. Возачот ги гледа овие информации во 3D, со јасен приказ за насоките во просторот пред него на оддалеченост од три до десет метри пред возилото. Ова значи дека дисплејот е совршено интегриран во реалниот надворешен свет. Кога адаптивниот темпомат (ACC) или системот за помош при патување (Travel Assist) се активни, возилото пред ID.4 е светлосно обележано на главниот дисплеј со одредена брзина за да може да се задржи потребното растојание.

ID.4 исто така поставува стандарди во дигитализацијата. Автомобилот може да добива редовни ажурирања и нови функции преку интернет. Volkswagen е првиот производител во сегментот кој го нуди ова. Возилото секогаш да биде ажурирано.

Volkswagen планира да испорача околу 150 000 ID.4 во светот оваа година. Во Македонија, ID.4 официјално ќе започне со продажба во мај. Електричната офанзива претставува основен елемент на стратегијата „ACCELERATE“ на Volkswagen. Компанијата планира да претставува барем еден нов и целосно електричен модел на пазарот секоја година.

Поради пандемијата КОВИД 19, оваа година церемонијата на доделување на наградите за „World Car of the Year“ се одржа дигитално. Можете да се погледнете на YouTube.com/worldcartv.

Со стекнувањето на оваа награда, на 17-тото доделување на наградата „World Car of the Year“, ID.4 ја продолжува успешната приказна на Volkswagen на овој натпревар. Не само што е добро прифатен од светските новинари, туку и од клиентите.

 

Во Македонија, ID.4 официјално ќе започне со продажба во мај

 

Volkswagen добитници на наградата „World Car of the Year“:

2009: Golf (World Car of the Year)

2010: Polo (World Car of the Year)

2011: up! (World Car of the Year)

2013: Golf (World Car of the Year)

2021: ID.4 (World Car of the Year)

(ПР-текст)

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.