Xpeng Motors ќе развива чипови за автономни возила. Кинескиот производител на автомобили е подготвен да развие чипови за автономни возила во услови на глобална криза за нив. Веста доаѓа откако Xpeng го лансираше својот нов електричен седан P5 минатата недела. Тој користи технологија LIDAR ((Light Detection and Ranging)) или ласерско мапирање на околината.

 

Xpeng Motors ќе развива чипови за автономни возила

Најдобар начин за конкурентска предност

Веста доаѓа по информацијата дека технолошкиот гигант со седиште во Гуангжу формирал мал тим за развој на чипови во услови на глобална криза со полупроводници и пандемија. Веста ја објави кинеската веб-страница за технолошки вести „36 Kr“ овој месец, додека ривалските производители на автомобили, Тесла, БМВ, Фолксваген и други се натпреваруваат за кинескиот пазар на автомобили.

Кинескиот производител на електрични автомобили Xpeng Motors може да произведе полупроводници за автономни возила, изјави извршниот директор на компанијата за CNBC.

Според Ксинжу Ву, потпретседател за автономно возење, компанијата ќе истражува голем број технологии, како и чипови за своите автономни возила.

„ Конкуренцијата на кинескиот пазар е силна, така што ги истражуваме сите можности. Кои се најдобрите начини да се одржи конкурентската предност? Досега, добро ни оди со софтверот. Една од насоките е компанијата да истражи градење на сопствени чипови. Но, ги испитуваме сите можни опции: како да преживееме, да победиме на ова натпреварување “, изјави Ву за CNBC.

P5 хардверот и софтверот- над конкуренцијата

Според CNBC, развојот на сопствени чипови ќе и овозможи на компанијата подобра контрола и подлабока синергија помеѓу хардверските компоненти и софтверот.

Ву тврди дека P5 хардверот и софтверот и „употребливоста на целокупните карактеристики“ се многу понапредни од оние на нејзините конкуренти – што на компанијата и дава „предност“.

Веста доаѓа откако Xpeng го лансираше својот нов електричен седан P5 минатата недела. Тој користи технологија LIDAR ((Light Detection and Ranging)) или ласерско мапирање на околината.

Сензорите LIDAR на P5 се од витално значење за можностите за автономно возење. Седанот исто така користи компоненти на Nvidia и Qualcomm за автономно возење, односно head-up екран, според CNBC.

Според Ву,  употребливоста и целокупните карактеристики на P5 се „многу понапредни“ од конкурентите. А тоа и  дава „предност“ на компанијата во однос на ривалите.

 

Веста доаѓа во моментот кога голем број кинески технолошки гиганти се приклучуваат на глобалната технолошка трка среде трговската војна на САД со Кина. Гигантот за паметни телефони, Xiaomi, имал намера да изгради електрични возила до април годинава, објавија кинеските медиуми во март.

Гигантот за пребарување Баиду собрал две милијарди долари средства за својот производител на чипови за вештачка интелигенција „Кунлун“. Средствата ги собрал од голем број инвеститори, а предводи  Civic Private Equity Funds Management (ЦПЕ).

Домашните напори за производство на чипови доаѓаат и при голема глобална криза и недостиг на полупроводници. Проблематика што во последните месеци силно ги погоди големите технолошки и автомобилски компании како што се Apple, Samsung, Honda, General Motors и многу други.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.