Eлектроничар - Штип
МАГНА МЕКАТРОНИКС СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ ШТИП
jobs.mmnm@magna.com
Штип
Останува до истекување: 8 денови
Гледаме иднина во која секој може да живее и да се движи без ограничувања.
Вашите одговорности
- Одржување, поправка и унапредување на електричната опрема во фабриката.
- Лоцирање и отстранување на дефекти на електричната опрема и преземање мерки за спречување на нивна повторна појава.
- Активно учество во пуштање во работа (commissioning) на електричните аспекти на новопристигната опрема.
- Проактивен и систематски пристап во решавање на проблеми и неисправности на компоненти.
- Анализа и истражување на симптоми на дефекти и потенцијални опасности.
Вашите квалификации
- Завршено средно образование.
- Минимум две години работно искуство во областа на електрониката.
- Познавање на електронски компоненти како што се: транзистори (BJT, FET, IGFET, MOSFET), диоди, автоматски прекинувачи, регулатори на напон, осигурувачи и сл.
- Познавање на конструкцијата и карактеристиките на проводници и изолатори (различни видови кабли, екранирање и механизми на оштетување).
- Познавање на инструментални шеми, контролни кола, детекција на заземјување и заштитни релејни системи, вклучувајќи користење на соодветна техничка документација и шеми за дијагностицирање на дефекти во електрични кола.
Дополнителни пожелни квалификации
- Познавање на принципите на работа на електричните компоненти:
- Електромотори (видови, класификации и принцип на работа).
- Генератори (видови, класификации и принцип на работа).
- Трансформатори (видови, функции и принцип на работа).
- Способност за читање и толкување на електрични шеми и техничка документација.
- Аналитички пристап во откривање и решавање на електрични и електронски проблеми.
Што нудиме
Во Magna, можете да очекувате привлечно и динамично опкружување каде што можете да помогнете во развојот на водечките автомобилски технологии во индустријата. Ние инвестираме во нашите вработени, обезбедувајќи им поддршка и ресурси што им се потребни за да успеат. Како член на нашиот глобален тим, можете да очекувате возбудливи, разновидни одговорности, како и широк спектар на можности за развој. Затоа што веруваме дека вашата кариера треба да биде единствена како и вие...
Дополнително, Ви ги нудиме следниве бенефити:
- Обемна програма за обука и возбудливи можности за внатрешен развој
- Работа на иновативни проекти и употреба на современи технологии
- Моќна култура, составена од претприемачки настроени луѓе, посветени на испорака на иновативни решенија
- Позитивна и наградувачка средина
- Обезбеден превоз и оброк
Аплицирајте на hr@antoris.mk со назнака за Eлектроничар - Штип за Магна Мекатроникс