Сметководство, книговодство

Сметководител - Скопје

Нептун
kontakt@neptun.mk

Град Скопје

Останува до истекување: 3 денови

Минимум 3 години работно искуство во сметководство, пожелно во големи организации.

Полно работно време
Договор на определено/неопределено
Висока школа или Bachelor / Виша

Цел на работното место

 

Обезбедување навремено, точно и законски усогласено сметководствено евидентирање на деловните настани, обработка и контрола на сметководствената документација, како и подготовка на податоци потребни за финансиско известување, во согласност со законската регулатива, сметководствените стандарди и интерните политики на компанијата.

 

Работни задачи и одговорности:

  •  
  • Прием, проверка, евидентирање и книжење на влезни фактури за трошоци и услуги.
  • Контрола на исправноста и комплетноста на документацијата.
  • Распределба на трошоци по деловни единици и трошковни места.
  • Комуникација со добавувачи и интерни оддели за обезбедување точна и навремена документација.
  • Обработка и книжење на девизни фактури и увозна документација.
  • Книжење на царински трошоци, ДДВ од увоз, транспортни и шпедитерски трошоци.
  • Следење на усогласеноста помеѓу сметководствената и царинската документација.
  • Книжење и усогласување на денарски и девизни банкарски изводи.
  • Евидентирање на уплати, исплати, камати, провизии и останати финансиски трансакции.
  • Усогласување и затворање на отворени ставки.
  • Следење и книжење на движењето на залихите.
  • Контрола на магацинска документација, трансфери, консигнации и нивелации.
  • Анализа и решавање на утврдени разлики во залихите.
  • Евидентирање и следење на основни средства и ситен инвентар.
  • Книжење на набавки, продажби, отписи и амортизација.
  • Обезбедување усогласеност со законската регулатива и интерните процедури.
  • Подготовка на резервации, курсни разлики и останати сметководствени пресметки.
  • Усогласување на биланси и салда со поткрепувачка документација.
  • Учество во месечни и годишни финансиски затворања.
  • Подготовка на редовни и ad hoc извештаи и анализи за потребите на менаџментот.
  • Соработка со банки, добавувачи, шпедитери, царински застапници и останати деловни партнери.
  • Обезбедување навремена размена на информации и документација.

 

Потребни квалификации:

  •  
  • Високо образование од областа на економија, финансии, сметководство или сродна област.
  • Минимум 3 години работно искуство во сметководство, пожелно во големи организации.
  • Одлично познавање на MS Excel и MS Office пакетот.
  • Познавање на ERP системи и сметководствен софтвер.
  • Основно познавање на англиски јазик.
  • Познавање на сметководствени принципи и финансиска документација.
  • Познавање на Законот за сметководство, Законот за ДДВ и останатата релевантна финансиска регулатива.

 

Што очекуваме од Вас?

  •  
  • Одговорност и прецизност во работењето
  •  Аналитички пристап и внимание кон детали
  •  Проактивност и иницијативност
  •  Способност за работа во динамична средина и управување со рокови
  •  Одлични комуникациски и тимски вештини
  •  Подготвеност за континуирано учење и професионален развој

 

Аплицирајте на hr@antoris.mk  со назнака за Сметководител - Скопје за Нептун