Земјоделие
Оператор на системи за наводнување - Скопје
Работно време во смени: 06:00–18:00 часот и 18:00–06:00 часот
Полно работно време
Договор на определено/неопределено
Средно образование
Бараме одговорни, посветени и мотивирани кандидати за работа со современи системи и опрема за наводнување во контролирани услови на одгледување.
Работни задачи
- Управување и следење на работата на системите за наводнување, вклучително и подготовка на вода и хранливи раствори, мерење и контрола на pH-вредноста и други параметри, регулирање на параметрите согласно утврдените процедури.
- Следење на правилното функционирање на опремата и навремено пријавување на забележани отстапувања и неправилности.
- Точно и навремено пополнување на производната документација, согласно важечките стандардни оперативни процедури (СОП) и работни записи.
- Правилно ракување, означување и складирање на материјалите и меѓупроизводите согласно утврдените процедури.
- Извршување на работните активности во согласност со принципите на Добра производна пракса (ДПП) и Добра агрономска и собирачка практика (ГАСП).
- Квалитетно извршување на работните задачи согласно процедурите за кои ќе биде соодветно обучен.
- Одржување на хигиената, чистотата и уредноста на работниот простор и опремата.
Потребни квалификации и компетенции
- ССС – завршено средно образование
- Одговорност, прецизност и организираност во работата
- Подготвеност за обука и стекнување нови знаења
- Потврди за неосудуваност (казнена и кривична евиденција) согласно применливите законски барања
- Познавање на MS Office
- Возачка дозвола Б-категорија
- Работно искуство во производство ќе се смета за предност
Работно време во смени: 06:00–18:00 часот и 18:00–06:00 часот
Лични карактеристики и вештини кои ги цениме
Од нашите идни членови на тимот очекуваме професионален однос, посветеност и одговорност во извршувањето на работните задачи. Особено ги цениме следните карактеристики и вештини:
- Одговорност и професионален однос кон работата и преземените обврски.
- Доверливост и интегритет во секојдневното работење.
- Дисциплинираност и доследност во следењето и почитувањето на пропишаните упатства, процедури и СОП.
- Тимски дух и способност за соработка со колегите и другите оддели.
- Прецизност и внимание на деталите, особено при извршување на активности поврзани со растенијата и водење евиденции.
- Проактивност и желба за учење, развој и стекнување нови знаења и вештини.
Аплицирајте на hr@antoris.mk со назнака за Оператор на системи за наводнување - Скопје за НЈСК ХОЛДИНГ