Земјоделие
Лица за одгледување на растенија (цвет) - Скопје
Организиран превоз до и од работното место
Полно работно време
Договор на определено/неопределено
Средно образование
Работни задачи
Кандидатите кои ќе станат дел од Одделението за цвет при Одделот за одгледување, ќе бидат одговорни за:
- Грижа, прегледување и кастрење на растенијата во фазата на цветање до берба.
- Примопредавање на растенијата, растителниот отпад и производите што содржат цвет, согласно интерните процедури.
- Препознавање, евидентирање и пријавување на состојби и појави што можат да влијаат врз здравјето и квалитетот на растенијата, како и пријавување на сите забележани отстапувања и неправилности во работниот процес.
- Извршување на дневните активности според работниот налог.
- Следење процедури и водење интерни записи и евиденции.
- Почитување на процедурите за одгледување според GACP стандардите.
- Извршување на работните задачи според однапред определени стандардни оперативни процедури – СОП.
- Квалитетно извршување на работните задачи согласно процедурите за кои ќе биде соодветно обучен.
- Одржување на хигиена, чистота и уредноста на работниот простор и опремата.
Потребни квалификации и компетенции
Од кандидатите очекуваме:
- ССС - средно образование.
- Високо ниво на одговорност, прецизност и внимание на детали.
- Физичка издржливост и подготвеност за работа во контролирани климатски услови.
- Мотивираност за учење, развој и континуирано унапредување на знаењата и вештините.Претходно работно искуство во производство ќе се смета за предност.
Лични карактеристики и вештини што ги цениме
Од нашите идни членови на тимот очекуваме професионален однос, посветеност и одговорност во извршувањето на работните задачи. Особено ги цениме следните карактеристики и вештини:
- Одговорност и професионален однос кон работата и преземените обврски.
- Доверливост и интегритет во секојдневното работење.
- Дисциплинираност и доследност во следењето и почитувањето на пропишаните упатства, процедури и СОП.
- Тимски дух и способност за соработка со колегите и другите оддели.
- Прецизност и внимание на деталите, особено при извршување на активности поврзани со растенијата и водење евиденции.
- Проактивност и желба за учење, развој и стекнување нови знаења и вештини.
Дополнителни информации
- Организиран превоз до и од работното место
- Работа во две смени:
I смена - 07:00 до 15:00 часот
II смена - 14:00 - 22:00 часот
Аплицирајте на hr@antoris.mk со назнака за Лица за одгледување на растенија (цвет) - Скопје за НЈСК ХОЛДИНГ