Електротехничар - Росоман (со организиран превоз од Скопје)
Бараме електротехничар кој ги проверува и одржува системите за електрична енергија, електроника и автоматика во еден производен капацитет.
Одговорности:
- Врши проверка на компонентите од електрика, електроника и автоматика за различни системи во фабрика и дава предлози за нивно подобрување
- Учествува во проекти за електрика, електроника и автоматика и дава препораки за нивно подобрување и надоградување;
- Извршува мерења и прави редовни проверки на постоечките и нови системи за електрика, електроника и автоматика;
- Дава инструкции на својот претпоставен , поврзани со одржување на електрика, електроника и автоматика;
- Спроведува редовни проверки на системите за електрика, електроника и автоматика во фабрика и спроведува превентивни и корективни мерки;
- Проверка на состојбата на електричните дизел агрегати и давање предлози за нивно подобрување
- Други одгогворности релевантни за квалификациите на кандидатот.
Квалификации:
- Средно електротехничо
- Најмалку 5 години работно искуство
- Одлични способности за работа со компјутери
- Способности за детектирање можни дефекти во опрема
- Одлични комуникациски способности
- Способности за решавање проблеми и креативно размислување
- Одлични организациски способности
- Флексибилност и адаптибилност кон промени
Што нудиме:
Со инвестирање во нови развојни капацитети, современ производствен погон и партнерства, имаме можност да ја обликуваме иднината на SINCERITAS и да овозможиме повеќе пациенти да имаат пристап до достапни и висококвалитетни лекови на одржлив начин.
Нашиот динамичен и претприемачки дух е поттикнат од отворена и колаборативна култура, поддржана од нашите талентирани и амбициозни колеги, кои, во замена за користење на своите знаења и вештини, работат во агилна и колегијална средина со значајни и флексибилни можности за развој на кариерата, каде што различностите се прифатени и личниот развој се поттикнува.
Покрај основната плата усогласена со пазарните услови, нудиме:
1. Организиран превоз од Скопје до Росоман
2. Обезбеден оброк за сите вработени
3. Колективно осигурување за сите вработени
ПРИДОБИВКИ ЗА ЛОЈАЛНОСТ И ДОЛГОРОЧНИ БЕНЕФИЦИИ
- Степенесто зголемување на платата според работниот стаж
- Приватно здравствено осигурување
- Бонус за лојалност
- Ваучер за одмор
Доколку сте заинтересирани, Ве покануваме да се пријавите на hr@antoris.mk