Техничар за одржување - Росоман (со организиран превоз од Скопје)
Вршење на проверка и поправки на водоводни цевки, бојадисување, поправање на подови, ѕидови, електрика, помош при одржување на машини, системи за наводнување, одводи, поправка на протекувања и други општи поправки
Одговорности:
- Завршување и документирање на сите успешно завршени активности зададени од супервизорот
- Превентивно и реактивно одржување на градежни компоненти и опрема
- Генерално одржување и надоградба
- Поправка, замена, инсталација и општо одржување на различна опрема.
- Физичка работа како кревање товар, качување на скали и активности за одржување кои се одвиваат надвор.
- Асистенција на добавувачи кога се наоѓаат во фабриката
- Поправка и одржување на водоводни и електрични инсталации
- Способност за поравање дефекти и работа под притисок
- Способност за мултитаскинг
- Способност за следење процедури за безбедност и идентификација на можни проблеми. Пријава на можни проблеми на супервизор
- Способност да работи самостојно
- Способност да ги комуницира потребите на различни оддели на супервизорите/менаџерите
- Други одговорности кои се однесуваат на квалификациите и вештините на вработениот.
Квалификации:
- Диплома од завршено образование
- Способност за тимска работа
- Способност да стои подолго време на нозе, да клекнува, крева товар
- Претходно соодветно работно искуство се смета за предност
- Познавање на работа со соодветни алатки и опрема
- Добри интерперсонални и организациски вештини
- Вешто управување со време; организиран и ориентиран кон детали
- Самоиницијативност, способност да идентификуваа работа што треба да се направи без да се укажува на тоа
- Позитивен став и пристап кон работата
Што нудиме:
Со инвестирање во нови развојни капацитети, современ производствен погон и партнерства, имаме можност да ја обликуваме иднината на SINCERITAS и да овозможиме повеќе пациенти да имаат пристап до достапни и висококвалитетни лекови на одржлив начин.
Нашиот динамичен и претприемачки дух е поттикнат од отворена и колаборативна култура, поддржана од нашите талентирани и амбициозни колеги, кои, во замена за користење на своите знаења и вештини, работат во агилна и колегијална средина со значајни и флексибилни можности за развој на кариерата, каде што различностите се прифатени и личниот развој се поттикнува.
Покрај основната плата усогласена со пазарните услови, нудиме:
1. Организиран превоз од Скопје до Росоман
2. Обезбеден оброк за сите вработени
3. Колективно осигурување за сите вработени
ПРИДОБИВКИ ЗА ЛОЈАЛНОСТ И ДОЛГОРОЧНИ БЕНЕФИЦИИ
- Степенесто зголемување на платата според работниот стаж
- Приватно здравствено осигурување
- Бонус за лојалност
- Ваучер за одмор
Доколку сте заинтересирани, Ве покануваме да се пријавите на hr@antoris.mk