Машинство
Машински инженер - Росоман
Машинскиот инженер ја организира и надгледува работата на Одделот за Технички Операции, вклучително, но не и ограничувајќи се на системот HVAC, системот за автоматизација, за прочистена вода, компримиран воздух и системот за гасови.
Полно работно време
Договор на определено/неопределено
Висока школа или Bachelor / Виша
Одговорности:
- Надзор, контролна квалификација и одржување на работата на спроведените системи за технички операции, како што се: HVAC, системот за автоматизација, за прочистена вода, компримиран воздух и системот за гасови.
- Организација, контрола и целокупно управување со работата на тимот за технички операции.
- Одговорен за калибрaција и водење евиденција за калибрација.
- Симулирање и тестирање на процесите или опремата за да се осигура дека функционираат како што треба.
- Пишува извештаи за постари колеги, осврнувајќи се на новите концепти, резултатите од тестирањата и тековната ефикасност.
- Програмирање на нови, автоматизирани компоненти во процесот на производство.
- Креирање на СОП, развој и одржување на јасна и точна документација за опремата и процесите за техничко работење.
- Обука на персоналот кога тоа е потребно, обично по спроведување на нови процеси или опрема, или правење измени на постојните.
- Решавање проблеми поврзани со автоматските процеси или опремата кога се појавуваат грешки.
- Вклучен во ИСУ.
- Други одговорности кои се однесуваат на квалификациите и вештините на вработениот.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Диплома за завршено високо образование од областа на електротехника или машинско инженерство или поврзано.
- Најмалку 5 години релевантно искуство.
- Одлични компјутерски вештини.
- Способнот за решавање проблеми поврзани со опремата – оваа улога се однесува на отстранување грешки во постоечкиот систем или нивно решавање.
- Комуникациски вештини – да знаат да им објаснат нови и сложени идеи на засегнатите страни од сите нивоа во рамките на мултидисциплинирани тимови. Поседување пишани комуникациски вештини за водење евиденција и документација, клучен дел од овие регулирани индустрии.
- Решавање проблеми и креативно размислување – ова е неопходно за решавање проблеми при нивното појавување и наоѓање на ефективни решенија.
- Оргнизациски вештини – мапирање проекти, давање приоритет во зависност од обемот на работа и чување точна документација.
- Флексибилност и прилагодливост – да биде во тек со развојот на најновите технологии.
- Одлично владеење на пишан и говорен англиски јазик.
- Возачка дозвола Б - категорија
Работно време и место каде се извршува работата: Фабрика за производство во Росоман.
Доколку сте заинтересирани, Ве покануваме да се пријавите на hr@antoris.mk