Градежништво, геодезија
Аргонски заварувачи и целулоза за терен - Куманово
РАПИД БИЛД ДОО Куманово, има потреба од аргонски заварувачи и целулоза на терен
Полно работно време
Договор на определено/неопределено
Средно образование
Потребен личен профил:
- Работно искуство во аргонско заварување и целулоза
- Поседувањето сертификат за аргонско заварување
- Способност за работа во заварувачка екипа на терен
- Желба за исполнување на поставен динамички план
Опис на работните задолженија:
- Прием на налог и технички цртеж за работа
- Поставување на параметри за заварување во зависност од налогот
- Разликување постапки на заварување во зависност од материјалите
- Читање и анализирање симболи на заварени врски
- Заварување разни завари на разнородни, истородни и обоени метали и алуминиум
Посебни придобивки и она што го нудиме:
- Работа во стабилна компанија која може да ги препознае и награди своите лојални и квалитетни вработени
- Можност за дополнителна едукација поврзана со спецификите на работното место и образованието наменето за личен развој
- Работа со најсовремена заварувачка опрема и технологии
- Можност за дополнителна сертификација со други постапки за заварување
- Стимулирање на платата за успешна работа и можност за промоција
Личен Профил:
- Организираност и одговореност
- Комуникативност
- Посветеност,лојалност,иницијативност.
- Флексибилност за соработка со широк профил на луѓе
Карактеристика за работното место: способност за самостојно извршување на работите, почитување на зададени рокови за исполнување обврски, поттикнување на тимскиот дух во работењето.
Ние Ви нудиме добро и навремено платено работно место.
Доколку ги исполнувате бараните квалификации потребно е да пратите ваше CV на hr@antoris.mk