Аплицирајте и бидете дел од нашата база!
Испратете ни го Вашето резиме и станете дел од базата на Анторис.
Почитувани кандидати и баратели на работа,
Како агенција за посредување при вработување Анторис, секојдневно сме во контакт со реномирани компании и секогаш имаме потреба од квалитетни кадри. Доколку сте во потрага по нова работа или сакате да ја промените вашата кариера, ве покануваме да аплицирате и да станете дел од нашата база на кандидати за следните најбарани позиции на пазарот:
Работници во производство и монтажа
Опис: Ангажман во реномирани производствени компании, работење на производствени линии, контрола на квалитет и пакување на производи.
Профил на кандидат: Одговорни, вредни и подготвени за работа во динамична средина (со или без претходно работно искуство).
Персонал за магацин, дистрибуција и транспорт
Опис: Прием, складирање и издавање на стока, товарење и растоварење, како и дистрибуција на стока до крајни дестинации.
Профил на кандидат: Физичка подготвеност, прецизност, поседување возачка дозвола (Б или Ц категорија е предност).
Персонал за угостителство и услужни дејности (Келнери, готвачи, хигиеничари)
Опис: Позиции во познати угостителски објекти, хотели и маркети кои бараат услужни и комуникативни лица.
Профил на кандидат: Љубезност, енергичност, флексибилност и желба за работа со луѓе.
Административни работници и комерцијалисти
Опис: Канцелариски задачи, комуникација со клиенти, продажба и административна поддршка за потребите на нашите партнер-компании.
Профил на кандидат: Познавање на MS Office, комуникативност, организациски вештини и познавање странски јазик.
Што ви овозможува Анторис?
Директно поврзување со сигурни и проверени работодавци.
Професионално посредување и советување во текот на целиот процес на селекција.
Можност за брзо вработување според вашите вештини и желби.
Испратете го вашето CV и дозволете ни да ви помогнеме да ја пронајдете идеалната работа преку Анторис! hr@antoris.mk