Банкарство

Раководител на експозитура - Ресен

Централна кооперативна банка АД Скопје
info@ccbank.mk

Град Скопје

Останува до истекување: 9 денови

Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Раководител на експозитура.

Полно работно време
Договор на определено/неопределено
Висока школа или Bachelor / Виша

Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:

  • Ја организира, координира, раководи, дава иницијативи за унапредување на работењето и е одговорен за целокупната работа во Експозитурата;
  • Ја претставува експозитурата на позитивен и професионален начин на локално ниво при контакти со јавноста, органите и слично;
  • Има активна улога во привлекување нови коминтенти и задржување на постоечките;
  • Се грижи и предлага можности за зголемување на профитот на експозитурата за која е назначен;
  • Одговорен е за генерирање на побарувачка за кредити и одржување на тековното кредитно портфолио;
  • Решава сериозни поплаки од коминтенти, специјални барања и останати комплексни прашања во врска со коминтентите;
  • Потпишува договори за кредит, договори за издавање банкарски гаранции, акредитиви и други производи на Банката, одобрени од надлежниот орган или лице со право на одлучување, во нејзино име и за нејзина сметка, a во Својство на доверител/заложен доверител, согласно интерните акти на Банката и во рамките на дадените поединечни писмени овластувања;
  • Врши менторирање и пренос на знаење на останатите ваботени во Експозитурата;
  • Ја оценува работата на вработените во Експозитурата со која раководи и дава предлози до Управниот одбор за нивно унапредување, наградување и предлага изречување мерки за неисполнување работни обврски, кршење на Работен ред и дисциплина, утврдени со закон, актите на Банката и договорот за вработување;
  • Го контролира следењето и применувањето на процедурите и упатствата на Банката како и прописите од доменот на банкарството од страна на вработените на кои е претпоставен;
  • Врши и други работи и работни задачи по налог и насоки на Управниот одбор поврзани со работното место согласно интерните акти на Банката.

 

Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:

  • Високо образование (Eкономски факултет или друго соодветно високо образование);
  • Најмалку 3 години работно искуство од конкретната област;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.

 

Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:

  • Способност за продажба;
  • Комуникациски вештини;
  • Организациски способности;
  • Способности за раководење и работа со луѓе;
  • Поставување и одржување на позитивни работни врски со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на целите на Банката;
  • Познавање на прописите поврзани со банкарството.

 

Аплицирајте на hr@antoris.mk