Магацин

Одговорно лице за Секундарно пакување и Магацини во Производство - Росоман

Синцеритас
careers@sinceritas.eu

Град Скопје

Останува до истекување: 10 денови

Бараме одговорно лице за контрола на извршениот квалитативен и квантитативен преим и магационирање на суровини, амбалажа и фармацевтски производ во магацините со обезбедување на карантин, узорцирање, безбедно магационирање и означување на појдовните матер

Полно работно време
Договор на определено/неопределено
Висока школа или Bachelor / Виша

Одговорности:​

  • Одговорен за обезбедување, следење и контрола на условите во ЦНЦ зоната според начелата на ДПП;
  • Одговорен за издавање на почетни материјали за процесот на производство според требовања врз основа на работни налози;
  • Водење на компјутерска евиденција за квалитативна и квантитативна количина на залихи и известува при дефектура на истите;
  • Одговорен за контрола на прием на вратени појдовни материјали и евиденција на истото;
  • Одговорен за изработување, водење и контрола за правилно пополнување на производни протоколи, работни налози, контрола на требување на амбалажа за секоја серија на производ по план за пакување;
  • Одговорен за контрола на процесот на секундарно пакување на одреден производ и реализација на поставениот план за пакување
  • Одговорен за навремено ажурирање и контрола на количините во Магацинот за готов производ
  • Контактира со соодветните одговорни лица за контрола на квалитет, набавка, обезбедување на квалитет за успешна организација на работата во Производство.
  • Изработка и ревизија на СОП-ови и Работни упатсва поврзани со производниот процес за секундарно пакување и магацинско работење во Производство
  • За секоја неусогласеност со стандардните процедури за работа, го известува непосредниот претпоставен;
  •  

Потребни квалификации:

  • Диплома за завршено високо образование - Фармацевт
  • Минимум 1 година работно искуство во истата област;
  • Внимава на детали;
  • Докажани способности за водење документација;
  •  

Што нудиме:

Со инвестирање во нови развојни капацитети, современи производствени погони и стратешки партнерства, имаме можност да ја обликуваме иднината на SINCERITAS и да им овозможиме на повеќе пациенти пристап до достапни и висококвалитетни лекови – на одржлив начин.

Нашата динамичност и претприемачки дух се поттикнати од отворена и соработувачка организациска култура, поддржана од талентирани и амбициозни колеги. За возврат на нивните знаења и вештини, вработените работат во агилна и колегијална работна средина која нуди можности за професионален развој, флексибилна кариера, прифаќање на различностите и континуирано лично усовршување.

 

Покрај конкурентна основна плата усогласена со пазарните услови, нудиме и:

1. Обезбеден оброк за сите вработени.

2. Колективно осигурување за сите вработени.

 

Лојалност на вработените и долгорочни бенефиции​

  • Зголемување на платата врз основа на работниот стаж (по утврдени нивоа).
  • Приватно здравствено осигурување како бенефит за лојалност.
  • Ваучер за одмор.

 

Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат со нивно CV на hr@antoris.mk