Оператор во култивација - Росоман
Операторот во култивација е одговорен за практично извршување на сите фази од одгледувањето на канабис — од семка до берба — во строго контролирани услови и според стандардните оперативни процедури (СОП). Целта на оваа улога е да се обезбеди здрав раст и
Главни одговорности:
- Изведување на активности за пропагација, садење, ротација и берба на растенијата, во согласност со утврдените процедури и агрономски насоки.
- Континуирано следење и евидентирање на податоци за секоја фаза од растот на растенијата
- Препознавање и пријавување на проблеми поврзани со здравјето на растенијата (штетници, болести, недостатоци во исхрана) на агрономот и главниот одгледувач.
- Подготовка на материјали и алатки за процесите на берба и пост-берба, вклучувајќи триминг.
- Редовно разместување на растенија помеѓу зони или простории, според фазата на развој.
- Извршување на дневни активности за одгледување: наводнување, контрола на светлина, температура и влага, во координација со тимот за култивација.
- Проверка и одржување на чистота во работниот простор; пријавување на отстапки и потреба за интервенција.
- Чистење и санитација на алатки, машини и површини по потреба и по завршување на смена.
- Почитување на процедурите за безбедност при работа и правилата за биосигурност, со цел заштита на себе, колегите и растенијата.
- Поддршка при други задачи и активности во зависност од сезонските потреби и проектни задачи.
Потребни квалификации и вештини:
- Завршено најмалку средно образование (земјоделско, биолошко или сродна насока е предност).
- Претходно искуство во земјоделство или во слична производствена средина ќе се смета за предност.
- Високо ниво на внимателност и посветеност на деталите.
- Физичка издржливост и способност за работа во стоечка позиција, во контролирани климатски услови.
- Тимски дух и способност за самостојна работа кога е потребно.
- Отворена комуникација и соработка со сите членови на тимот.
- Подготвеност за учење и постојано унапредување на знаењата и вештините.
- Флексибилност и адаптибилност во динамична работна средина.
Што нудиме:
Со инвестирање во нови развојни капацитети, современи производствени погони и стратешки партнерства, имаме можност да ја обликуваме иднината на SINCERITAS и да им овозможиме на повеќе пациенти пристап до достапни и висококвалитетни лекови – на одржлив начин.
Нашата динамичност и претприемачки дух се поттикнати од отворена и соработувачка организациска култура, поддржана од талентирани и амбициозни колеги. За возврат на нивните знаења и вештини, вработените работат во агилна и колегијална работна средина која нуди можности за професионален развој, флексибилна кариера, прифаќање на различностите и континуирано лично усовршување.
Покрај конкурентна основна плата усогласена со пазарните услови, нудиме и:
1. Обезбеден оброк за сите вработени.
2. Колективно осигурување за сите вработени.
Лојалност на вработените и долгорочни бенефиции
- Зголемување на платата врз основа на работниот стаж (по утврдени нивоа).
- Приватно здравствено осигурување како бенефит за лојалност.
- Ваучер за одмор.
Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат со нивно CV на hr@antoris.mk