Машинство
Работник во алатница – Глодач - Македонски Брод
АТС АММО Дооел, Самоков, Македонски Брод е компанија за производство на наменска индустрија.
Полно работно време
Договор на определено/неопределено
Средно образование
Опис на работното место:
- Работа на универзална глодалка.
- Изработка, доработка и поправка на машински делови, алати, матрици и други елементи за производството.
- Обработка на метални материјали согласно техничка документација и цртежи.
- Избор и поставување на соодветни алати и прибор за обработка.
- Контрола на димензиите и квалитетот на изработените делови со мерни инструменти (шублер, микрометар, висиномер и сл.).
- Одржување на машината и работното место во согласност со процедурите за безбедност и квалитет.
Потребни квалификации:
- Средно стручно образование – машинска струка.
- Работно искуство на универзална глодалка е предност.
- Познавање на технички цртежи и машинска обработка.
- Познавање и користење на прецизни мерни инструменти.
- Одговорност, прецизност, дисциплина и способност за тимска работа.
Нудиме:
- Редовен работен однос со конкурентна плата.
- Работа во стабилна и перспективна компанија.
- Континуирана обука и можност за стручно усовршување.
- Безбедни услови за работа и обезбедена лична заштитна опрема.
- Можност за професионален развој и напредување.
Начин на пријавување:
- Заинтересираните кандидати можат да достават:
- Кратка биографија (CV)
- Доказ за завршено образование
- на e-mail: hr@antoris.mk