Машинство
Оператор на машина - Македонски Брод
АТС АММО Дооел, Самоков, Македонски Брод е компанија за производство на наменска индустрија.
Полно работно време
Договор на определено/неопределено
Средно образование
Опис на работното место:
- Ракување и следење на работата на производни машини и опрема.
- Подготовка и подесување на машината пред започнување на производниот процес.
- Следење на производните параметри и непреченото функционирање на машината.
- Контрола на квалитетот на производите согласно работните инструкции.
- Навремено пријавување на дефекти, неправилности и застои во производството.
- Водење основна евиденција за производството.
- Одржување на машината и работното место во чиста и безбедна состојба.
- Почитување на процедурите за квалитет, безбедност и заштита при работа.
Потребни квалификации:
- Средно образование (машинска, електро, техничка или друга соодветна насока е предност).
- Работно искуство во производствен погон е предност, но не е задолжително.
- Подготвеност за работа во смени.
- Одговорност, дисциплина и прецизност.
- Способност за самостојна и тимска работа.
- Подготвеност за учење и стекнување нови вештини.
Нудиме:
- Редовен работен однос со конкурентна плата.
- Обука за работа на производните машини.
- Работа во стабилна и перспективна компанија.
- Можност за професионален развој и напредување.
- Обезбедена лична заштитна опрема и безбедни услови за работа.
Начин на пријавување:
- Заинтересираните кандидати можат да достават:
- Кратка биографија (CV)
- Доказ за завршено образование
- на e-mail: hr@antoris.mk