Финансии
Сметководител - Скопје
АТС АММО Дооел, Самоков, Македонски Брод е компанија за производство на наменска индустрија.
Полно работно време
Договор на определено/неопределено
Висока школа или Bachelor / Виша
Опис на работното место:
- Водење на финансиско и материјално сметководство согласно законските прописи и интерните процедури.
- Евидентирање и книжење на сите деловни промени.
- Подготовка, контрола и книжење на влезни и излезни фактури.
- Следење и усогласување на салда со купувачи и добавувачи.
- Водење на материјално сметководство за суровини, репроматеријали, полуготови и готови производи.
- Пресметка и анализа на производната цена (Cost Accounting).
- Следење и анализа на директните и индиректните производни трошоци.
- Контрола и усогласување на состојбата на залихите со магацинската евиденција.
- Учество во организирање и спроведување на попис на средства и залихи.
- Подготовка на ДДВ пријави, даночни пресметки и други законски извештаи.
- Подготовка на месечни, квартални и годишни финансиски извештаи.
- Изработка на финансиски анализи и извештаи за потребите на менаџментот.
- Соработка со секторите Производство, Набавка, Продажба, Магацин, банки, ревизори и државни институции.
- Следење на законската регулатива од областа на сметководството, финансиите и даноците.
- Архивирање и чување на сметководствената документација.
Потребни квалификации:
- Високо образование – Економски факултет (сметководство, финансии или економија).
- Минимум 3 години работно искуство на иста или слична позиција.
- Искуство во производствена компанија ќе се смета за значајна предност.
- Познавање на материјално сметководство и пресметка на производна цена.
- Познавање на Законот за сметководство, даночните прописи и финансиското работење.
- Одлично познавање на MS Office, особено Microsoft Excel.
- Познавање на Лука или друг сметководствен софтвер ќе се смета за предност.
- Аналитичност, прецизност, доверливост и високо ниво на професионална одговорност.
- Способност за самостојна организација на работата и тимска соработка.
Нудиме:
- Редовен работен однос со конкурентна плата.
- Работа во стабилна, современа и перспективна производствена компанија.
- Можност за професионален развој и континуирана едукација.
- Работа во професионален и динамичен тим.
- Можност за напредување согласно резултатите од работата.
Начин на пријавување:
- Заинтересираните кандидати можат да достават:
- Кратка биографија (CV)
- Доказ за завршено образование
- на e-mail: hr@antoris.mk