Машинство

Ерозиматер (EDM оператор) - Македонски Брод

АТС Аммо
info@ats.com.mk

Македонски Брод

Останува до истекување: 10 денови

АТС АММО Дооел, Самоков, Македонски Брод е компанија за производство на наменска индустрија.

Полно работно време
Договор на определено/неопределено
Средно образование

Опис на работното место:

  • Работа на EDM машини (жична и/или потопна ерозија).
  • Подготовка, поставување и подесување на машината за обработка.
  • Изработка на прецизни алати, матрици, калапи, жигови и машински делови согласно техничка документација.
  • Читање и примена на технички цртежи и работни налози.
  • Избор и подготовка на електроди, материјали и алати за обработка.
  • Контрола на димензиите и квалитетот на изработените делови со мерни инструменти.
  • Вршење на основно превентивно одржување и грижа за исправноста на машината.
  • Соработка со алатницата, производството и контролата на квалитет.
  • Почитување на процедурите за квалитет, безбедност и заштита при работа.
  •  

Потребни квалификации:

  • Средно стручно образование – Машински техничар или друго соодветно техничко образование.
  • Работно искуство на EDM машини ќе се смета за предност.
  • Одлично познавање на техничко цртање и читање техничка документација.
  • Познавање на мерни инструменти (шублер, микрометар, компаратор, висиномер и сл.).
  • Познавање на материјали и технологии за машинска обработка.
  • Познавање на CAD/CAM софтвер (SolidWorks, AutoCAD, SolidCAM, Mastercam или сличен) ќе се смета за предност.
  • Прецизност, одговорност и способност за самостојна работа.
  • Подготвеност за работа во смени.
  •  

Нудиме:

  • Редовен работен однос со конкурентна плата.
  • Работа во современа и стабилна производствена компанија.
  • Континуирана обука и професионален развој.
  • Работа со современи CNC и EDM машини.
  • Можност за професионално напредување.
  • Обезбедена лична заштитна опрема и безбедни услови за работа.
  •  

Начин на пријавување:

Заинтересираните кандидати можат да достават:

  • Кратка биографија (CV)
  • Доказ за завршено образование
  •  

Апликациите може да се достават на hr@antoris.mk